|
||
| Среќа, навистина голема среќа беше што Филипче и СДС цели 7 години беа на власт и ги донесоа ветените Фејсбук, Гугл и стазата за Ф1 |
|
Благодарение на тие „мега-инвестиции“, економијата ни процвета толку многу што дури и Скандинавците почнаа да ни завидуваат. Не знам како преживеавме без да ни отворат канцеларии на Марк и Сергеј во секое маало. Среќа е и што Филипче и СДС државата ја водеа беспрекорно, економија, здравство, образование, инфраструктура, сè блесна. Па нели, успех до успех, реформа до реформа, баш како што секој ден можевме да видиме во реалноста… или барем на нивните пресови. А да, да не ги заборавиме и милијардските приходи од Фејсбук, Гугл и Ф1 – толку големи што очигледно само тие ги видоа. Ние останатите мора да сме биле со затворени очи. Но, шегата на страна, навистина е срамно човек кој не може сопствената партија да ја стабилизира, од која секој ден членови и поддржувачи бегаат како во времето на ковид хаосот, да излегува и да држи предавања за политики. Или уште полошо да зборува за борба против корупција и криминал. На Филипче можеме само едно искрено да му посакаме: ако навистина мисли добро и на партијата и на државата, да си поднесе оставка и конечно да одговара за она што го има направено. Доволно долго беше штитен од пулените на неговиот ментор Заев во судството. Економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и буџетот за 2026 се насочени кон повисоки пензии и плати, вистинска поддршка за ранливите категории, капитални инвестиции, намалување на јавниот долг и дефицитот и раст на БДП од 3,8%. Во времето на СДС „успех“ беше што државата не банкротираше од кражбите на Филипче, Заев и нивните блиски. Затоа, следниот пат кога Филипче ќе реши да држи прес-конференција, би било добро два пати да размисли. Бидејќи секое негово појавување е понижување за граѓаните. А тие на последните избори јасно кажаа што мислат. СДС итно мора да се реформира, а Филипче да остане само белешка во политичката историја и тоа не премногу пофална. |