|
||
| По години запоставеност, Скопје конечно чист град |
|
Во акцијата за чистење на Скопје, за 72 часа се собрани повеќе од 4 500 тони отпад. Во акцијата учествуваа над 2 500 работници од јавните претпријатија, општествено одговорни компании, а помош пристигна и од другите општини во земјава Седумдесет и двачасовната акција за чистење на Градот Скопје заврши успешно, рече градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на прес-конференција одржана во централното градско јадро. Тој рече дека иако на почетокот состојбата изгледала нереална, пред сè поради фактот што јавните претпријатија, машините и механизацијата биле десеткувани, имајќи предвид дека во моментот кога Ѓорѓиевски ја презел функцијата имало само 16 функционални камиони во ЈП „Комунална хигиена“, сепак после три дена работа, според него, може да се констатира дека градот е исчистен. Тој рече дека сега на располагање има 40 камиони, а тенденцијата е до петок оваа бројка да се зголеми на 60. По години мрак, нечистотија и политичка незаинтересираност, Скопје конечно почна да се ослободува од товарот што го остави поранешното градско раководство. Таму каде што порано владееше неред, денес има ред. Таму каде што смрдеа запуштените контејнери и депонии, денес мириса на чист воздух и нов почеток. Поранешните власти со години го третираа Скопје како сопствен двор, а не како град на сите граѓани. Наместо да градат систем, тие градеа лични кампањи. Наместо да ја чистат метрополата, ја полнеа со ѓубре и на улиците, и во институциите. Во тоа време, скопјани секое утро се будеа меѓу купишта отпад и политички изговори. Но денес, благодарение на новото градско раководство, во Скопје конечно се воведе ред, се уреди системот за чистење, се обновија возилата, се расчистија дивите депонии и се врати довербата на граѓаните. Се покажа дека кога има чесност и труд, резултатите не доцнат. Скопје денес не е само поуредено Скопје денес е почисто во духот, во атмосферата и во односот на граѓаните кон својот град. Конечно се гледа дека постои систем, контрола и грижа. Чистото Скопје е симбол на нова ера. Тоа не е само прашање на метли и камиони, туку на морал и одговорност. Град што се грижи за себе, има иднина. Град што се ослободува од ѓубрето на минатото, Скопје конечно има надеж. Затоа денес можеме со гордост да кажеме: Скопје конечно е чист град, но уште поважно, конечно има раководство со чиста совест!
|