|
||
| Во 1903 година, весникот „Вашингтон Тајмс“ објавил од Софија дека близу половина од населението во Бугарија се Македонци по род или потекло |
|
Оваа информација, објавена во еден од најреномираните американски весници на почетокот на XX век, претставува историски шамар за сите кои денес се обидуваат да ја избришат или присвојат македонската нација и историја. Во време кога балканските пропаганди биле во полн замав, американската дипломатија и новинарство веќе го препознале фактот дека Македонците се посебен народ, со јасна национална свест и традиција што не може да се поистовети со ниту една соседна држава. „Вашингтон Тајмс“ не бил ни македонски, ни балкански весник, туку објективен американски извор кој забележал факти на терен. Овој извештај не бил изолиран. Во истиот период, британски, француски и руски новинари пишувале дека Македонците се народ koj живеел меѓу Србите, Грците и Бугарите, со свој јазик и национална самосвест. Додека балканските држави кроеле тајни планови за поделба на Македонија, светската јавност Македонија веќе ја препознавала како посебна земја со свој народ. По поделбата во 1913 година, Македонците во Пирин, Егеј и Вардар повторно биле принудени да го докажуваат своето постоење, дека не се ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци, туку Македонци. Затоа, кога денес некој од Софија ќе изјави дека „Македонците се измислен народ“, доволно е да се потсети на овој запис од 1903 година, доказ дека вистината за македонскиот народ е постара од сите политички лаги. Во тоа време Македонците веќе имале книжевност, револуционерна организација (ВМРО), свои симболи и борба за слобода. Тоа наследство не може да се избрише ниту со уставни измени, ниту со фалсификувани историски комисии, ниту со притисоци од Брисел или Софија. Записот од „Вашингтон Тајмс“ е повеќе од историски документ, тоа е сведоштво дека македонската вистина живеела и во најтемните времиња. Македонците во Бугарија, Грција, Србија и низ целиот свет се дел од истиот тој македонски народ кој преживеал империи, поделби и фалсификати, но ја зачувал својата душа и името Македонија. Вистината за Македонија не може да се избрише, таа е запишана и потврдена и од оние што немале причина да лажат, како некои наши соседи до ден денес! |