|
||
| Победата што го отвори новото поглавје во Македонија! |
|
Оваа победа не е случајна, Таа е плод на визијата и решителното водство на Претседателот и Премиер Христијан Мицкоски, човекот што ја врати надежта, гордоста и достоинството на македонскиот народ. Со јасна цел, со чесна политика и со срце во секој чекор, оваа победа стана симбол на новото време, време на народот. Вториот круг на локалните избори ќе остане запаметен како историски ден кога Македонија повторно застана на нозе. Ден кога граѓаните од сите вери и нации во Македонија, со гордо кренати глави, кажаа дека веруваат во промена, во правда, во работа и резултати. Тоа не беше само гласање, тоа беше чин на љубов кон татковината, глас на народ кој сака да живее во своја, силна и горда Македонија. Зад секоја бројка стојат лица, стојат луѓе, млади и стари, мајки и татковци, работници и студенти, сите кои решија да не молчат повеќе. Излегоа, гласаа и покажаа дека иднината не се чека, туку се создава со труд, со верба и со заедништво. Тоа е најголемата победа што Македонија повторно се буди! Секоја победа носи чест, но и огромна одговорност. Народот гласаше за надеж, за работа, за чесност. Тој избор обврзува, обврзува на транспарентност, на вистински развој, на почит кон секој граѓанин. Затоа оваа победа не треба да се гледа како крај, туку како почеток, почеток на ново поглавје во историјата на Македонија. Историјата нè учи дека победата трае само онолку колку што трае делото што ќе го оставиме зад себе. Денешниот триумф мора да биде темел за нова енергија, за нова визија и за уште поголема посветеност кон народот. Демократијата во Македонија покажа зрелост. Гласот на народот во Македонија се слушна јасно и достоинствено. Се раѓа генерација Македонци кои не гласаат по навика, туку по уверување, генерација што знае дека иднината на државата зависи од нејзината активност, од нејзината љубов кон татковината. Оваа победа е победа на сите што веруваат во подобра, посилна и поправедна Македонија. Секој глас беше глас за надеж, секое срце што трепереше пред гласачкото ливче беше дел од истата песна, песната за обединета и горда држава. Нека оваа победа биде симбол на ново единство, на обновена верба и на силна решеност да ја изградиме Македонија каква што заслужуваме, чесна, достоинствена и европска, зашто ова е победа на духот, на народот и на татковината. А токму тоа е најголемата победа што може да ја постигне едно општество, победа на вербата и љубовта кон Македонија. Од срце честитки до сите новоизбрани градоначалници за заслужената победа! Пред нив стои долга и тешка работа, работа што ќе бара чесност, одговорност и посветеност за да ја оправдаат довербата што им ја дадоа Претседателот Христијан Мицкоски и народот на Македонија. Народот со право очекува резултати, а тие треба да бидат доказ дека оваа победа беше почеток на ново време, време на промени, развој и обнова. Нека оваа победа биде симбол на единство, на верба и на нова енергија што ќе ја движи Македонија напред. Да живее Македонија!
|