Недела, 26 Октомври 2025    Печати
Кога сме обединети, никој неможе да не победи!

16-veterani 38

Ние сме народ кој преживеал сè, војни, поделби, сиромаштија, лаги и неправди. Ни ја одзедоа иднината, но не и достоинството. Нè изневерија со ветувања, но не успеаја да ни ја одземат љубовта кон Македонија.

Ние сме генерации кои ја наследиле светата обврска да ја чуваме татковината исправена, горда и непокорна. Нашите предци се бореле со оружје, а ние денес се бориме со пенкало – нашиот најсилен куршум во демократијата. Тоа е нашето оружје за вистината, правдата и иднината.

Македонија не е ничија приватна фирма. Оваа земја му припаѓа на народот кој знае, гледа и не заборава. На 2 ноември да излеземе масовно и да покажеме дека кога сме обединети, никој не може да нè победи. Со заокружување на бројот 9, кажуваме гласно: „Да живее Македонија!“

Тој ден, да се исправиме гордо и достоинствено, со верба во себе и во силата на народот. Да покажеме дека знаеме да казниме, но и да наградиме. Да докажеме дека го почитуваме трудот, чесноста и љубовта кон оваа земја.

На 2 ноември, нека се слушне повторно гласот на народот, глас кој не го скршија ниту лаги, ниту притисоци, ниту понижувања. Да покажеме дека Македонија припаѓа на оние кои ја сакаат, а не на корумпираните елити кои ја потценуваат.

Секој глас за број 9 е глас за иднина, за ред, закон и правда!
Секој глас за број 9 е ДА, за работа, за чест и за иднината на нашите деца!

Да живее Македонија!