Сабота, 13 Септември 2025    Печати
Вчеравечер Прилеп беше центар на патриотизмот и новата надеж!

18

Вчеравечер Прилеп беше центар на патриотизмот и новата надеж!

1a1

1v

Прилеп уште еднаш го покажа својот победнички дух и силната поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, политичка сила која отсекогаш била столб на македонската државност, иднина и напредок. На свечената промоција беше претставен кандидатот за градоначалник, господин Дејан Проданоски, човек со визија, енергија и решителност, кој заедно со советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде гаранција за промените што му се неопходни на Прилеп.

Оваа листа претставува тим на луѓе што носат свежа енергија, нови идеи и непоколеблива одговорност кон секој граѓанин. Тие се дел од едно пошироко движење кое ја носи силата на народот и кое гради локална самоуправа што ќе биде блиску до луѓето, со конкретни решенија и проекти за подобар живот.

17

Особено достоинствен момент беше јавниот поздрав упатен од кандидатот за градоначалник Дејан Проданоски, кон делегацијата на Унијата на ветерани, луѓе кои со својата борба и пожртвуваност се вградени во темелите на независноста на Република Македонија. Присуството на ветераните е симбол дека денешните генерации продолжуваат да чекорат по патот на чест, достоинство и љубов кон татковината.

3 copy copy

1 copy copy copy copy

Со силни и инспиративни пораки се обратија потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господин Александар Николовски, како и самиот кандидат за градоначалник, господин Дејан Проданоски. Во нивните обраќања тие ја претставија визијата и дел од програмата на идната локална администрација, визија за Прилеп кој ќе биде модерна, функционална и развиена општина, место каде што младите ќе ја гледаат својата иднина, а повозрасните генерации ќе живеат достоинствено и мирно.

2б

На промоцијата присуствуваа пратеници, поранешни градоначалници на Прилеп, јавни личности и голем број прилепчани кои со своето присуство покажаа дека Прилеп е подготвен за нова ера на развој.

Прилеп е град на традиција, на култура, на херои и на вредности. Со поддршката за Дејан Проданоски, се поддржува иднината на овој град, иднина во која секој ќе има подобри услови за живот, повеќе можности за работа и сигурност за своето семејство.

2в

5 copy copy