Понеделник, 08 Септември 2025    Печати
ОМД: Овој ден е празник и завет

6

Денес, 8 Септември, ја славиме независноста на Македонија, историски ден кога нашата татковина гордо застана рамноправно меѓу слободните народи на светот.

Овој ден е и празник и завет: потсетник дека токму ние, Македонците, ја носиме одговорноста да ја чуваме и зајакнуваме слободата за која толку многумина ги положија своите животи.

Утрово, Директорот на ОМД за Македонија и Европа, Гордан Јорданов, свечено положи цвеќе на вечните почивалишта на Претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и на првиот Премиер Никола Кљусев. ОМД, исто така, учествуваше и на Свечената Академија по повод Денот на независноста во Македонската филхармонија, оддавајќи почит на сите кои го дадоа најскапоценото за нашата слобода.

66

666

Овој викенд, Македонците ширум дијаспората го креваат нашето знаме и го слават Денот на независноста во секој дел на светот. ОМД го одбележа овој голем празник со настани во Њујорк, Мајами и Малме, Шведска, моменти кои ја покажуваат нашата заедничка гордост, сила и посветеност кон татковината.

А најголемата прослава допрва доаѓа на 27 септември во Детроит ќе се одржи 20-годишнината на ОМД — Галата на единство, незаборавна вечер посветена на нашата заедница, нашето наследство и нашата иднина.

На овој ден да се потсетиме дека иднината на Македонија зависи од секој од нас, од нашето единство, нашата посветеност и нашата љубов кон татковината. Само така ќе обезбедиме светлината на независноста да свети уште посилно за идните генерации.

Среќен Ден на независноста!

6666