|
||
Стојаноска од општина Теарце: Жителите се благодарни што Владата даде средства за реализација на локални проекти |
![]() Денес сум во село Непроштено, општина Теарце, на средба со жителите.
Разговаравме на многу локални теми, меѓу останатото благодарни до Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, за досега реализираните проекти од оној вкупен износ од 250 милиони евра. Со првиот проект се реализирани два локални проекти, а со вториот повик поднесена е апликација за четири локални проекти, но добро е, ми порачаа жителите од селата Теарце, Лешок, Непроштено, Доброште, Глоѓи, за да му порачаме вака јавно на актуелниот и на идниот градоначалник на оваа општина за следните проекти, да ги консултира буквално сите жители од оваа општина, а не само партиските војници. |