Петок, 18 Јули 2025    Печати
Што ли ги тера во 22 часот да објавуваат соопштенија и да шират лаги?
1uv3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy
 
Што го тера СДС, да објавува соопштенија во 22 часот и да шират лаги, ги надвладеа ли паниката од сопствен распад?

Стравот од избори?

Рејтингот на дното?  

Паниката од сопствениот распад?

СДС, наместо да размислува како да ја врати довербата кај граѓаните, избира пред полноќ да фантазира и да лаже за ВМРО-ДПМНЕ и за Владата. Веројатно, кога денот ќе им заврши со анкети во кои се рангирани под праг, со внатрепартиски кавги, несогласувања и невозможност да најдат кандидати подготвени да изгубат како градоначалници, им останува само тастатурата во доцните часови.

Ајде да ги разбиеме нивните лаги:

Во нивно време, земјата тонееше, а денес:

Инфлацијата е намалена и стабилизирана;

Буџетот има 16% повисока наплата на приходи; Платите растат во сите сектори;

Стопанството има поддршка со конкретни мерки и проекти.

–За „немање на капитални инвестиции“:

само во првите 100 дена од оваа Влада, капиталните проекти се ревитализирани, а во тек е реализација на најголемиот капитален план досега.

–За енергетиката:

токму оваа Влада ги наполни хидроакумулациите, РЕК Битола работи со полн капацитет, а државата ја враќа енергетската стабилност што СДС ја уништи.

–За „луксузирањето“:

СДС е последна партија што треба да зборува за тоа. Да ги потсетиме ли на Заевите автомобили, патувањата на Филипче, нивните тендер-тури?

Секој збор од нив е лицемерие на квадрат.

СДС не може да поднесе што Македонија оди напред без нив. Затоа панично објавуваат соопштенија во 22 часот, барајќи утеха во лажни тези и манипулации.

Но, народот не им верува повеќе.

Не им поминува ниту старата плоча, ниту новите измислици.

Останете си во мракот на лажните соопштенија, а ние ќе работиме – на светло, транспарентно и одговорно.

И ќе победуваме. Повторно.