Среда, 16 Јули 2025    Печати
Над две милијарди евра приходи во Царинската управа, растат приходите на секој основ

1uv5 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

105 милиони евра повеќе за државата за само една година или над 2 милијарди евра приходи со чесно и домаќинско работење од страна на новото раководство на Царинската управа.

Новиот пристап од страна на раководителите на институциите и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се гледа по растот на приходите и економијата. На секое поле или секоја институција имаме зголемени приходи, затоа што работиме чесно, одговорно и домаќински.

Важно е да се напомене дека беа сузбиени организирани криминални мрежи кои вршеле криминални дела со над 230 употребувани автомобили, 230 килограми дрога и 600 килограми анаболици. Спречени се и обиди за криумчарење на пола милион евра вредно злато, 30 килограми сребро, над 200 килограми лекови и над 10 илјади килограми суплементи. Ова се само дел од резултатите што ги постигна Царинската управа за само една година од раководењето предводено од ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на прекршочни и кривични дела, евидентирани се вкупно 520 случаи или двојно повеќе од претходно. Поднесени се и 181 кривична пријава за сторени кривични дела против 307 физички и 99 правни лица или за четири и пол пати повеќе споредбено со годината претходно кога биле поднесени 42 кривични пријави.

Овие резултати се постигнати благодарение на макотрпна работа, посветеност и чесност. Ја намалуваме корупцијата, се бориме против криминалот и ги градиме темелите на промените во Царинската управа.