Среда, 28 Јули 2010    PDF Печати Е-пошта
Ѓорче Петров, Гоце Делчев и Пере Тошев за решенијата на Солунскиот конгрес на Внатрешната организација (Јануари 1903 г.)
goce-delcev-i-gjorce-petrov
...За да дискутираме по предлогот на ЦК се собравме овде во Софија на заседание околу 20 души видни организациски сили. Учествуваа: Матов, Татарчев, Пере, Борис Сарафов, Славчо Ковачев, Давидов, Делчев, Силјанов, Герџиков, В'лчо Андонов од Охридско, Сава Михаилов, Пушкаров, Хаџи Николов и др. Се збиравме на неколку пати од 16 до 24 души.

Матов и Татарчев го прочитаа писмото и брзо ја искажаа својата согласност. Големото мнозинство од собранието ја поткрепуваше идејата за востание... Против востанието категорично станавме само јас и Делчев. Пере не се искажа извинувајќи се дека е нов, дојден од затвор, дека не е добро информиран за вистинската положба овде и внатре, а интимната мисла му била против востанието.

Делчев се обиде да ги урне мислењата, тој немаше дар за зборување, се искажа дека е категоричен противник на такво востание како што проектираа, а е за востание какво што бевме планирале јас и тој. Делчев се запали, се испоти, се расфучи.

Јас станав и држев реч тогаш, што траеше шест часа. Како што ми признаа тие, ја разбив увереноста на оние што беа се изјасниле за востание и мнозина од нив станаа (Силјанов, Герџиков и др.) и ми признаа: „Ти си несоборлив во твоето мислење". Јас ги разоткрив вештачките пристапи за кревање на востанието. Матов, Татарчев протестираа. Фактите што ги приведуваа тие дека ќе имало избувнување на населението, еден по еден ги урнав по признавањето на оние што биле во тие места. На пр. фактот дека селаните излегле со оружје в шума не е уште знак за востание, туку само да избегнат за да не им го земат оружјето Турците и да не настрадаат лично... Точките по однос на опасноста дека ќе пропадне оружјето ги побивав исто така: опасноста не е толку голема; го уверував собранието дека не треба никогаш да се плашиме дека една околија што е подготвена за востание ќе го предаде своето оружје, ами напротив - ако е едно население готово да го предаде своето оружје, тогаш тоа не е подготвено за востание.

По однос на фактичката подготвеност со сигурни податоци, што мене ми беа познати повеќе одошто на самиот ЦК, им докажав дека можеме да ги сметаме за што-годе подготвени само седум околии: Костурската, Леринската, Битолската, Демир-Хисарската, Кичевската - Битолско; во Солунско само Кукушката и тоа доста слабо; во Струмичко само Струмичката околија и тоа со незгодни пушки кримки и во Скопско само Штипската околија, со кримки и со мартинки... Го уверував собранието: ако го прогласиме ова востание, ќе ја подбиеме идејата за сенародно востание за долго време, зашто ќе се кренат само во неколку околии. Уверував дека е сега невозможно сенародно востание, зашто уште нема подготовки, ниту нужни материјали. За одоваде Вардарскиот дел им претскажував дека ние ќе работиме против сами себеси, зашто ќе ја повториме 1895 година - востание само со чети од Бугарија што ќе биде против основните задачи на Организацијата како што ги разбиравме тогаш.

Како резултат на сето тоа апсолутното мнозинство реши да им се соопшти во Солун од името на сите присутни дека сме против земеното решение за востание. Борис и Славчо (Ковачев - б.р.) навидум се согласија (гласаа против). Останаа еамо Матов, Татарчев, Хаџи Николов и уште еден -двајца што гласаа за востание. бевме натоварени јас и Матов да го пишуваме писмото. Јас побарав тој и јас да го составиме поодделно проектот за одговор. Во собранието мојата редакција, поотворена и порешителна се прими и се испрати во Солун како мислење на овдешните претставници на Организацијата. За забележување е дека најмногу беа за востание оние што не мислеа да земат и Не зедоа учество во востанието. И во Солунскиот кoнгрес беа за востание најмногу оние околии штo подоцна не зедоа учество, Солунската на пример, макар што во Солун се изигра најважната улога за прогласување на востанието.

Спомени на Гъорчо Петров, стр. 154-157.
 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.