Среда, 29 Декември 2021    PDF Печати Е-пошта
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОГРАФИЈАТА „ВОЗОБНОВИТЕЛОТ“ ВО ЧЕСТ НА АРХИЕПИСКОПОТ ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ Г.Г. ДОСИТЕЈ

1dos1

Во чест на Архиепископот охридски и македонски г.г. Доситеј II излезе од печат монографијата „Возобновителот“. Таа е издание на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ),  а во соработка со Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“.  Ова луксузно издание  е отпечатено по повод големите  јубилеи посветени на животот и делото на архиепископот г.г. Доситеј - 115 години од неговото раѓање (1906-2021) и 40 години од неговото упокојување (1981-2021).

 Во знак на благодарност и сеќањање на  ликот и делото на првиот Архиепископ охридски и македонски г.г. Доситеј (1906-1981) на возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква, а по повод големите јубилеи поврзани со блаженоупокоениот Архиепископ, кои ги одбележуваме оваа година и тоа: 115 години од неговото раѓање (07 декември 1906) и 40 години од неговото упокојување (20 мај 1981 година), како и значајниот државен јубилеј 30 години современа македонска државна сувереност - во издание на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) излезе од печат монографијата „Возобновителот“.

Ова капитално дело е посветено на ликот и делото на блаженоупокоениот македонски духовен великан Доситеј, кој успеа да ги оствари вековните копнежи на македонскиот народ за обнова на Охридската архиепископија и за конечно добивање на своја независна автокефална црква. Тоа големо дело го направи Архиепископот г.г. Доситеј исклучителна историска личност значајна за МПЦ-ОА и за државата, и неоткинлива од македонската историографија. Монографијата е плод на соработката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ),со Македонската православна црква - Охридската архиепископија и Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“.

Инаку, според биографските податоци, Архиепископ охридски и македонски г.г. Доситеј II е роден во Маврово, на 7 декември 1906  година. Тој е возобновител и прв Архиепископ охридски и македонски на Македонска православна црква – Охридска aрхиепископија, а се смета и како наследник на Арсениј II, кој бил последен Архиепископ на укинатата Охридска aрхиепископија во 1767 година.На вториот црковно-народен собир, одржан од 4 до 6 октомври 1958 година, бил избран за поглавар на МПЦ. Под негово раководство бил свикан Третиот црковно – народен собир, одржан на 18 јули 1967 година, на кој МПЦ е прогласена за афтокефална.

Архиепископот Доситеј е роден  со крстеното име Димитар Стојковски, како четврто дете од осумте деца на Лазар и Софија. Израснал под планината на Бистра. Целиот свој живот го посветил на службата на црквата. Богословија започнал да учи во Сремски Карловци во 1922 година, а се замонашил во 1924 година, на 17 години, во „Св Богородица Пречиста“, Кичевско.

Негов духовен татко бил игуменот Григориј. По одредените подготовки, Доситеј заминал за Света Гора, каде улогата на духовен татко, ја презел игуменот Митрофан од манасторот „Хилендер“. На Света Гора останал се до 1932 година, кога заради потребата од дошколување заминал во Битолската богословија. Богословијата во Битола ја завршил во 1937 година, а на Теолошкиот факултет во Белград дипломира во 1942 година. Хиротонијата за викарен епископ се одржала на 22 јули 1951 година.

Доситеј будно го следел решението на македонското црковно прашање и вложувал максимални усилби за негово разрешување преку обновата на Охридската архиепископија и создавањето на Македонската православна црква. Длабоко во себе бил свесен за своето потекло. Така, во 1957 година во кординација со Доситеј, Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ се согласил со СПЦ да ја усогласи организацијата во македонските епархии, во согласност со Уставот на СПЦ, а на патријархот српски Викентиј да му се признае статус администратор на трите епархии.

Истовремено Синодот на СПЦ се обврзал на наредното Собрание на Светиот архијерејски собир, во мај 1958 година да се изврши избор на Македонци архијереји за сите три епархии.

Вториот црковно-народен собор се одржал во Охрид на 4 октомври 1958 година. На собирот учествувале вкупно 219 делегати, свештеници и мирјани. На соборот во црквата „Св Софија“ била донесена Одлуката за возобновување на Охридската архиепископија.

Откако се донела Одлука за возобновување на Охридската архиепископија, а во согласност на одлуката изборот на митрополитот и епархиските архијереји да биде од Македонија, Доситеј бил предложен за прв поглавар на Македонската православна црква и едногласно бил избран со титула Архиепископ охридски и скопски и прв Митрополит македонски.

За време на изборот биеле сите канбани во Охрид. По појавувањето на Доситеј во Света Софија, прота Нестор Поповски официјално му ја соопштил Одлуката за возобновување на Охридската архиепископија и Одлуката за избор на прв поглавар на Македонската православна црква.

Значајно е да се одбележи дека  во  мај 1962 година во придружба  на патријархот Герман, со неколку епископи на СПЦ во посета на МПЦ пристигнал  московскиот патријарх Алексиј, придружуван од митрополитот Никодим, епископот Пимен и повеќе великодостоинственици на Руската православна црква. На празникот на свети Кирил и свети Методиј во црквата „Пресвета Богородица–Каменско“ во Охрид била одржана и архијерејска литургија на којашто служел московскиот патријарх Алексиј во сослужение на српскиот патријарх Герман и архиепископот охридски и митрополит македонски Доситеј. Тоа било прво сослужување на поглаварот на МПЦ со поглавари на други автокефални цркви. 

Исто така, треба да се одбележи дека во времето на Архиепископот г.г. Доситеј од темел беше возобновена Црквата, со сите нејзини витални органи: епархиите, епископатот, свештенството, црковните општини во татковината и во дијаспората, црквите и манастирите, образованието и просветата. Во 1967 беше отворена Богословијата, а во 1977 година Богословскиот факултет во Скопје.

1dos12

Споменикот на Архиепископот г.г. Додитеј во дворот на „Свети Климент Охридски, Скопје

На 20 мај 1981 година во Скопје се упокои  Архиепископот г.г Доситеј, по чија засулга денеска МПЦ функционира како автокефална црква на македонскиот народ. Неговиот вечен дом е во црквата „Св. Димитрија“ во Скопје. Меѓутоа, пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје е поставен и осветен споменик на архиепископот г.г. Доситеј, првиот поглавар на МПЦ. Споменикот на архиепископот Доситеј го изработи скулпторот академик Томе Серафимовски.

Монографското дело „Возобновителот“. е обемна публикација со околу 420 страници, во тврд повез, во која е вграден трудот на вработените во КОВЗРГ, особено на дипломираниот теолог Петар Петковски, потоа на професорите од ПБФ „Свети Климент Охридски“, како и на други просветни работници, кои дадоа значаен придонес за реализација на монографијата, која во својата содржина опфаќа: библиографски податоци, избор на дел од позначајните слова на архиепископот Доситеј (беседи, говори и интервјуа), репортажи за позначајните цркви и манастири во кои живеел и работел архиепископот Доситеј, потоа зборник на трудови за неговата улогата и важност, спомени и сеќавања од неговите соработници и познаници, значаен фотоматеријал (фото албуми со слики од неговиот живот и од позначајните настани), позначајни архивски документи, слики од оставштината на архиепископот, како и поезија посветена во негова чест. Целокупната содржина во делото, која е прикажана на модерен начин, преку современ дизајн со мноштво на фотографии - исклучително ја истакнува големината на дедо Доситеј.

Така, во воведот на монографијата, директор на КОВЗРГ м-р Даријан Сотировски, меѓу другото, пишува: „Обновата на тронот на Св. Климент по години туѓи црковни јурисдикции, како и враќањето на македонската црковна самостојност, доаѓа во налетот на македонската национална ослободителна борба за државност и самостојност, која по Втората светска војна ја доживува својата кулминација. Појавата на архиепископот Доситеј и неговото визионерско дело ја даваат значајната духовна димензија, без која секоја борба би била времена и површна, а преку црковните ѕвона – таа денес одекнува во вечноста. 

Македонскиот поглавар возобновител Доситеј зазема посебно, светло место во македонскиот национален пантеон, тој ја заслужува сета почит од нашиот народ, неговата личност треба да ја слават сите генерации денес и во иднина“.

М-р Даријан Сотировски, исто така, заклучува дека  монографијата „Возобновителот“ преставува трајна споменица, литературен споменик на благодарност кон Архиепископот Доситеј за неговиот немерлив допринос кон обновата и развојот на Македонската православна црква. Во тој поглед, монографијата „Возобновителот“ не претставува само основ за понатамошно прославување и очувување на споменот на архиепископот Доситеј, туку и за понатамошно студиозно изучување на неговиот живот, дело, мисли и учинок на полето на духовноста и македонското црковно воскресение во целина.


1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги отвораат своите врати за граѓаните и нивните идеи и проекти

Денес сабота и утре недела 3 и 4 како и 10 и 11 Декември од 11 до 14 часот градоначалниците на ВМРО-...

Историја

News image

Скокам од радост кога ја гледам вашата љубов спрема нашиот мајчин јазик

Со задоволство го прочитав вашето пријателско писмо и со голема радост разбрав за Вашите благородни ...

Иселеници

News image

ДОАЃАЊЕТО НА ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА (31)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ...

Култура и туризам

News image

Охридска книжевна школа

Најстарата средновековна македонска книжевна школа е Охридската книжевна школа формирана во 886 годи...

Фељтон

News image

МАКЕДОНСКИ ПРАВОСЛАВНИ ЦРКВИ ВО ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ ВО САД (27)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ВТОР ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.