Понеделник, 18 Октомври 2021    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДПМНЕ 22 градоначалници, СДСМ 9, ДУИ 3 и 1 има ДПТМ

200909

На вчера одржаните избори ВМРО-ДПМНЕ победи во:

Аеродром, Босилово, Бутел, Велес, Виница, Гази Баба, Градсо, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Могила, Неготино, Новаци, Петровец, Прилеп, Свети Николе, Сопиште, Ѓорче Петров и Штип.

СДСМ победи:

Во Дојран, Берово, Богданци, Валандово, Делчево, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево, Струмица.

ДУИ во Липково, Пласница и во Сарај, додека Демократската партија на Турците во Центар Жупа.

Согласно податоците од ДИК, втор круг сигурно ќе има во:

Лозово, Росоман, Арачиново, Битола, Боговиње, Брвеница, Василево, Вевчани, Врапчиште, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Демир Хисар, Долнени, Желино, Зелениково, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Куманово, Маврово Ростуша, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Охрид, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Студеничани, Старо Нагоричане, Струга, Теарце,Тетово, Чаир,Чашка,Чешиново-Облешево,Чучер Сандево, Шуто Оризари.

Во Центар и Карпош се пребројани над 90 односно 99 отсто, но со оглед на распоредбата на гласовите веќе познато дека ќе има втор круг, исто како и на ниво на Град Скопје.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара граѓаните кои не гласале да се обединат во намерите да биде подобро и да гласаат во вториот круг.

„Победи народот и покрај сите нерегуларности, поткупи и притисоци кои ги правеа, полицијата на Спасовски, обвинителството на Русковска, примитивизмот на Заев кои беа против нас, но со нас е народот.

Шансата за нова иднина ја зема народот во раце. Ова е триумф на оние кои гласаа и оние кои не гласаа. Ова е триумф на луѓето кои заслужуваат надеж и ја добиваат. Трешти гласот на промените. Ова е чекор до финалната победа.

Доста е делби, конфликти, криминал и корупција. Ова е победа на народот на Македонија. Ова е победа но ова е и одговорност. Нема да ве изневериме, нема да ве разочараме.

Гарантирам за тоа што го зборам. За мене, за нас ова е обврска и одговорност. Се што зборував во кампањава паметам добро и тоа ќе направиме заеднички“, рече Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

 

На прво место

News image

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

Историја

News image

Автономна Македонија (белградски весник)

АвтономнаМакедониjа (La Macédoine autonome). "Балканотнабалканскитенароди - МакедонијанаМакедонците"...

Иселеници

News image

ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛА НА ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ВО ТОРОНТО

Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновц...

Култура и туризам

News image

Легенди и верувања: Од минатото на селото Арвати

Легендите и митолошките верувања се често застапени сред луѓето кои се интересираат и сакат да знаат...

Фељтон

News image

БИТКАТА КАЈ СУСА И ИДНИТЕ ОСВОЈУВАЊА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – ГОСПОДАРОТ НА АЗИЈА (12)

Александар пристигнал во градот Суса на 15 декември 331 година пред Христа и бил п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.