На прво место

„11 ОКТОМВРИ“ – ПРАЗНИК НА СИТЕ МАКЕДОНЦИ ВО СВЕТОТ

1bris121

1bris121

На 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го нападнаа бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, што го означи почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред

Всушност, 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Денот на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ. 11 Октомври е денот кога започна борбата  против фашизмот, а со цел ослободување на македонскиот народ. Затоа со право се вели дека овој голем ден е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ.

Имено, со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности. Со тоа се потврди декам Македонците самостојно се изборија  за својата најзначајна слобода во неговата историја.

Во историските документи е забележано дека македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народно-ослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во добро организирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии. 

1bris1211212   1bris1213   

Методија Шаторов–Шарло и Методија Андонов-Ченто

За жал. за време на окупацијата фашистичките непријатели од Македонија интернираа околу 58.000 лица, покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно македонско население, земјата претрпе и огромни економски и други штети.

Исто така, треба да се одбележи дека по Балканските војни 1912-1913 година, Бугарија, Грција и Србија извршиле оккупација на Македонија и геноцид врз македонскиот народ. Во армијата на овие оккупатори, биле мобилизирани околу 100.000 Македонци од зафатените делови на Македонија: Бугарија регрутирала 33.000, Грција 20.000 и Србија 53.000 Македонци. Мобилизираните Македонци, за жал, учествуваа во најкрвавите меѓусебни воени судири во текот на Балканските војни 1912-1913 година и Првата светска војна 1914-1918 година.

Ако Крушевската Република од 3 до 13 август 1903 година беше корона на Илинденското востание, Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија одржано на 2 август 1944 година во манастирот Свети Отец Прохор Пчињски беше круна на македонското востание на Втората светска војна.

Манифестот на АСНОМ повика на ослободување и обединување на сите делови на етничка Македонија и на македонскиот народ, на етно-историските граници на Македонија. Македонскиот народ во Вардарскиот дел на Македонија, Втората светска војна ја заврши со околу 25.000 загинати борци и цивили. Вечна им слава на загинатите учесници во вооруженото антифашистичко и национално-ослободително востание на македонскиот народ. Посебна е славата и значење на првиот претседател на Македонија, Методија Андонов Ченто, родена на 17 август 1902 година во Прилеп

Исто така, треба да ја споменеме и дејноста на Методија Шаторов – Шарло и неговата национална програма за ослободување и обединување на Македонија уште пред да дојдат нацифашистите. На Петтата земска конференција на КПЈ одржана во октомври 1940 година кај Загреб, Шарло ги застапува ставовите за национално ослободување и обединување на македонскиот народ.

Тогаш зошто и покрај фактот дека и пред 11 октомври имало облици на организиран вооружен отпор, овој датум е избран за ден на народното востание во Македонија?

Затоа со право се вели дека 11 Oктомври е симбол на македонската борба за слобода. 11 Oктомври е денот кога повторно се поставени основите на македонската држава. Затоа, на денешните и на идните генерации е обврска  да ја чуваат Македонија: слободна, суверена, самостојна и независна.

Денес 11 Oктомври е државен празник на Македонија – Ден на народното востание, Ден на востанието на македонскиот народ. 

1bris1214Могилата на непобедените во Прилеп 

Поради самиот факт дека се работи за голем настан од македонската историја, низ Република Македонија се организираат разни свечености и прослави. Традиционално се одржуваат свечени концерти. Повеќе делегации положуваат цвеќе на гробот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, во Паркот на Револуцијата во Прилеп и Скопје, како и на Спомен-костурницата на паднатите борци од народно-ослободителната борба во Куманово.

Во Прилеп секоја вечер спроти празникот се одржува традиционалниот импровизиран напад на градот како потсетување на историските настани од предвечерјето на 11 октомври 1941 година. Во Прилеп постои и Меморијален музеј „11 Октомври“ во кој се изложени неколку стотици фотографии и значајни документи од народно-ослободителната борба. Прилепскиот градски оркестар организира маршрута од центарот на градот кон Могилата на непобедените, каде покрај движечкиот оркестар се организира и спектакуларен огномет.

Посебна важност има и свечено положување цвеќе на Партизанските гробишта во Скопје од страна на повеќе делегации на Владата, на Собранието, на Претседателот на Македонија, на Главниот одбор на Сојузот на борци на Македонија, на делегации на Министерството за одбрана и Генералштабот на Македонската армија.

Празникот 11 Октомври се прославува не само во Република Македонија, туку и во целиот свет каде што живеат Македонци. Традиционална прослава има секоја година во македонските заедници, македонските православни цркви и црковни општини, друштва и асоцијации во Австралија, Канада, Соединетите Американски Држави, Европската Унија и во многу други земји ширум светот. Во голем број македонски средини секоја година се организираат прослави со богата културно-уметничка програма, каде настапуваат повеќе естрадни ѕвезди од дијаспората и од Македонија. Затоа, со праве се вели дек 11 Октомври е празник на сите Македонци во светот.

1bris1215 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: На прво место

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

Филипче слави туѓи победи, а ги премолчува поразите на СДС

Филипче порача: „Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен“, алудирајќи на Мицкоски. Самоуверена најава, како победата веќе да му е запишана, а останува само граѓаните да бидат известени. Само што во неговиот список недостига почетокот — оној што на Филипче и на СДС најмалку им одговара. Пред да брои паднати власти во туѓи […]

Лоша вест за Филипче и СДС: Орбан се споменува за ОН — се чека „ветото“ од партискиот штаб!

Само што се израдуваа на веста дека Вучич изгубил на изборите во Србија,  шокантна вест за Филипче и СДС: Вашингтон размислува, Москва и Пекинг можеби би поддржале, Орбан сè уште одмерува — само уште да се провери дали Филипче ќе дозволи! Според „Џерузалем пост“, кој се повикува на извори од три земји, администрацијата на американскиот […]

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

To top