Вторник, 28 Септември 2021    PDF Печати Е-пошта
За локалните избори – и по нив

Како се наближуваат локалните избори и влегуваме во нивната претпоследна фаза, пред самиот ден на изборите – предизборната кампања, се’ појасни стануваат неколку работи.

Најпрво, и со голо око, без порачани и платени анкети, може да се види предноста на опозициската коалиција „За обнова на Македонија“ и, како и секогаш досега да се потврди тезата за неповратноста на завртениот замаец. Имено, на речиси сите избори одржани до сега, кога расположението на гласачите ќе го заврти замаецот во насока на победа на една од големите коалиции, тој не само што во последните дваесеттина дена не може да се врати назад, туку врти се позасилено во насоката кон која се придвижил.

Таков е случајот и сега, на овие локални избори – замаецот на гласачкото расположение неповратно и се’ позасилено врти во насока на победа на опозициската коалиција, што и е уште како потребно на државава.

Тука веќе доаѓаме до втората констатација за придобивките од извесната победа на опозицијата. Најпрво, со победата на опозицијата ќе се „разретчи“ апсолутната власт на владеачката коалиција која сега е присутна на сите нивоа, победа исклучително полезна за демократските процеси кои стагнираат, а потоа, што е уште позначајно, повод за распишување предвремени парламентарни избори наредната година, што ќе даде можност да се порази цунами политиката на Зоран Заев.

Да се порази неспособноста, незнаењето, ароганцијата, вазалноста и штетноста од владеењето на еден човек – Зоран Заев, чии наведени карактеристики, станаа матрица на однесување на целокупната владеачка гарнитура. Зашто, за жал, се потврдува дека глупоста, незнаењето и неспособноста претставуваат вирус далеку позаразен и од оној на Ковид 19.

Зеленопазарџиските методи на Заев

За да го спречи се’ поизвесниот пораз, Зоран Заев со својата зеленопазарџиска логика веќе длабоко е навлезен во предизборната купопродажна фаза. Па така, веќе на големо се применува тезата на идеологот на некогашниот Сојуз на комунисти на Југославија, Моша Пијаде, а чиј следбеник е и СДСМ. Моша Пијаде на конгресот на СКЈ вели: „селанец кој поседува куќа, земја и стока и работник кој прима плата и има леб, воопшто не вредат за нас. Ние мораме нив да ги направиме бездомници, пролетери. Само несреќниците стануваат комунисти, затоа ние мораме да им ја создадеме несреќата, масата да ја фрлиме во очај. Ние сме смртни непријатели на секоја благосостојба, ред и мир“.

Веќе четири години Заев и неговите со глупост и неспособност заразени извршители од власта, вршат целосно осиромашување на граѓаните во Македонија, им ја создаваат несреќата и преку своите медиуми им ја продаваат како неминовност предизвикана од некое друго време и, како смртни непријатели, благосостојбата им ја заменуваат со мизерија и страдање.

Па сега, тие и таквите, онесреќени, обезимотени, обезработени и целосно осиромашени граѓани, се обидуваат да ги купат со евтини трикови, со 1.000 денари, со некое вреќиче брашно или шише масло чија цена ја кренаа до небо, а сведоци сме дури и со тегла ајвар, како нивно најново платежно средство во трката по гласови.

Во меѓувреме, со партискиот печат в џеб, низ државава се растрчаа шарлатани-претседатели на мали политички партии, кои немајќи никаква партиска инфраструктура, бараат незадоволници од партиите од коалицијата „За обнова на Македонија“. Бараат луѓе кои се незадоволни зашто, на пример, не се нашле на некоја листа, скрпуваат некаква листа со сопруги, синови и ќерки, стрини и вујни, шарлатанот-претседател им удира печат и овие со таквите листи учествуваат на избори колку да украдат некој глас од опозицијата и да му помогнат на Заев да остане на власт.

И конечно – проектот Левица. Една политичка партија изникната од шарената револуција, како прв чекор во востоличувањето на Заев и неговата цунами политика, сега декларативно „ултрапатриотски противник“ токму на својот шаренореволуционерен и СЈОбвинителски ментор Заев, се’срдно помогната од пропагандата на власта, треба да освои што повеќе советнички места по советите ширум државава. Со постизборен инжинеринг, советниците на СДСМ во коалиција со советниците од оваа шаренореволуционерна партија, треба да ги преземат Советите од коалицијата „За обнова на Македонија“.

Во незнаењето и неспособноста да понуди каков било проект, во немањето чест и достоинство за вистинска и чиста политичка битка, ова се методите на Заев за да го намали поразот и доколку успее, по вторпат со политички инжинеринг, да ја украде власта, овојпат локалната. Не сакам ни да помислам дека се подготвени да одат и понатаму – да се расипат фингерпринт машинчињата, или да падне системот на ДИК, како што веќе се случи.

Канцеларот во заминување и премиерот во заминување

На крајот, за да знаат сите дека времето на Заев е неповратно истечено и дека ниту една од овие „селски итроштини“ нема да му помогне, се погрижи токму жената чиј проект беше доаѓањето на власт на Заев и промената на името на државава – канцеларот во заминување, Ангела Меркел.

Госпожа Меркел, која некаде пред неуспешниот референдум од 30 септември допатува во Македонија надвор од сите протоколи, за да му даде поддршка на Заев и неговото фалсификат владеење, пред неколку дена го најави заминувањето на Заев. Имено, во својата западнобалканска турнеја, таа не само што не слета во Скопје како што би бил редот, туку го повика Заев на гости во Тирана, каде што и самата беше гостинка на Еди Рама. Го поздрави и го поттурна настрана за да му покаже каде му е местото. Овој, подзинат во устата и подвиткан во кичмата, остана да размислува за своето заминување.

На гласачите, на 17 октомври, им останува да му го забрзаат патот на премиерот во заминување, толку отворено најавен од канцеларот во заминување.

Автор: Страшо Ангеловски, претседател на МААК за НетПрес
 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.