Среда, 22 Септември 2021    PDF Печати Е-пошта
Поддршка од премиерот на Унгарија, Виктор Орбан за ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и државата

1Orban 11

Денес Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата, г. Александар Николоски остварија средба со премиерот на Република Унгарија и претседател на сестринската партија ФИДЕШ, Виктор Орбан. На средбата се разговараше за актуелни теми и прашања.

242521

Една од темите беше справувањето со Ковид кризата која преставува заеднички предизвик на државите од Европа, при што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ја потенцираше потребата од поддршка и отворена соработка со оглед на фактот што Македонија е една од земјите која досега има најголеми последици од оваа пандемија.

Исто така на средбата беше отворено прашањето за мигрантскиот бран и состојбата на јужната македонска граница, при што Мицкоски ја отслика состојбата со авганистанските бегалци во Македонија.

Соговорниците разменија мислење и ја потенцираа важноста за поддршка на заеднички иницијативи како што е Иднината на Европа, кои ќе овозможат перспектива и нови можности. Од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски беше посочено дека Македонија во изминатите години владата има исклучително слаб учинок во справувањето со корупцијата и подобрувањето на економскиот амбиент во државата, што е евидентирано и посочувано од страна на нашите меѓународни партнери. Тоа пред се‘ се должи на немањето на капацитет и волја од страна на власта, но беше посочено дека Македонија и македонскиот народ заслужуваат отворање на процесот на преговори, затоа што реформските политички сили предводени од ВМРО-ДПМНЕ многу скоро ќе имаат можност да спроведат брзи и итни чекори за приближување до европските стандарди.

Претседателот Мицкоски посочи дека државата мора да има целосно дефинирани цели и дека граѓаните заслужуваат иднина базирана на промени, реформи и нови успеси.

Соговорници ја истакнаа одличната соработка на двете сестрински партии и се заложија поддршката да продолжи да се развива и унапредува.

24258

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски : Бројот 7 за Наташа Колтар и бројот 82 за Данела Арсовска

Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ - Општина Центар-Скопје

Историја

News image

Македонија како римска провинција

Д-р  Иван Алексов ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ (од праисторијата до почетокот на 21 ...

Иселеници

News image

КОЈ Е ФОЛКРОРИСТОТ георги (ЏОРЏ) томов? (2)

Уметничкиот директор и кореограф на ансамблот “Томов” - ...

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ИСЕЛЕНИКОТ ПЕТАР СТАМАТОВ ОД СМИЛЕВО (2)

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ 

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – (5)

 Почетоците на освојувањата на Александар Македонски (Велики) се особено потенц...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.