На прво место

НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА Е ЛИНДИТА НИКОЛА, МАКЕДОНСКА СНАА

1limn121

1limn121

Според пишувањето на Македонскиот весникот „Илинден“ од Тирана, универзитетскиот професор Линдита Никола е новиот претседател на Собрание на Република Албанија од Тирана. Во минатото таа била градоначалник на Општината број 1 во Тирана, а во период од пет години била пратеник во Собранието и ја извршувала функцијата министер за образование и спорт. Проф. Линдита Никола е македонска снаа и одлично зборува македонски јазик 

Македонците во Република Албанија имаат поголема среќа од Македонците во Пиринска и во Егејска Македонија. Имено, тие се признати како малцинство во Албанија и имаат одредени права на таа територија. Меѓутоа, сите Македонци каде и да живеат во Албанија, се борат да имаат исти права како и граѓаните и другите малцинства во Албанија. Македонците очекуваат, а и во согласност со препораките на Европската комисија, се надеваат дека пред да стане Албанија членка на Европската Унија, да направи одредени подобрувања.

Затоа, Македонците во Република Албанија бараат Закон за малцинства со цел да се изборат за сите права кои произлегуваат во согласност со тој Закон. За среќа, во Албанија, Македонците имаат поддршка  од бројни албански институции, вклучувајќи го и Парламентот на Албанија..

Според првиот Македонец – пратеник во Собранието на Албанија, Васил Стерјовски, се проценува дека во Албанија живеат повеќе од 120 илјади етнички Македонци. Најголема концентрација има во областите Мала Преспа, Гора и Голо Брдо, како и во многу градови во Албанија Притоа, Општина Пустец чиј грб на општината го содржи древниот македонски симбол Ѕвездата од Кутлеш (Палатица) над кој стои натпис на македонски јазик – Општина Пустец, а под него и на албански јазик е прв случај на официјална употреба на македонскиот јазик во Република Албанија.

Исто така, според Стерјовски, партијата Македонска алијанса за европска интеграција како единствена македонска партија што ги претставува интересите на македонскиот народ во Албанија го поддржува Прогрес – извештајот за интеграција на Република Албанија во Европската Унија. Меѓутоа, кога се зборува за прашањето на статусот и положбата на етничките Албанци во Македонија и оние на етничките Македонци во Албанија, за жал,  Македонија никогаш не инсистира на реципроцитет, туку ги смета правата на албанското малцинство како еден од клучните фактори на нејзината демократија.

Се чини дека состојбите на Македонците во Република Албанија се’ повеќе и повеќе се подобруваат на сите полиња. Тоа, особено се потврдило во општестево-политичкото живеење на Македонците на целата територија на Албанија, што претставува голем напредок во рамноправноста на македонското малцинство во заедницата на сите малцинства во демократска Албанија.

Тоа, овој пат го потврди претседателот на Македонско друштво ”Илинден” одТирана, познатиот новинар Никола Ѓурѓај со инфомацијата дека Линдита Никола, која е македонска снаа и која одлично зборува македонски јазик ќе биде новата претседателка на Албанскиот парламент. Веста во Собранието на Социалистичката партија ја објави самиот премиер Еди Рама. Тој рече дека Линдита Никола ќе го замени досегашниот претседател Грамоз Ручи, притоа Рама не штедеше пофалби за г-ѓа Никола.

Според пишувањето на весникот „Илинден“ Линдита Никола е родена во Тирана, на 22 октомври 1965 година Во 1989 година ги завршила студии на Факултетот за науки и природа, отсек математика на Универзитетот во Тирана. На истиот Универзитет во јули 2010 година има магистрирано на отсекот Јавна администрација, насока Централна власт. Со политика се занимава од 2003 година, кога во периодот 2003-2007 е избрана како советник во Советот на Општина број 1 Тирана Во два мандата (во периодот 2007-2011 и 2011-2013 година), госпоѓа Никола беше градоначалник на Општина број 1 во Тирана.

На изборите од 23 јуни 2013 година таа беше избрана за пратеник во Собранието на Република Албанија од Тирана. Во периодот од септември 2013 до мај 2017 година ја извршува функцијата министер за образование и спорт. На изборите во јуни 2017 год. беше избрана за пратеник во Лежа. Од септември 2017 година, госпоѓа Линдита Никола станува член на извршниот комитет на Социјалистичката партија.

Нејзината професионална биографија говори дека во меѓувреме, во 2006 година таа има завршено Академија за владеење и реформа во Институтот за демократија и поврзување (ИДП) во Тирана, додека во јуни 2008 година има завршено Академија на комунитарна коалиција и владеење на Универзитетот во Питсбургер, САД.

Приватноста на госпоѓа Линдита Никола говори дека таа е мажена за проф, д-р Лигор Никола и е мајка на една ќерка. Инаку, нејзиниот сопруг Лигор Никола родум е од село Врница, во областа Голо Брдо. Моментално е декан на Факултет за математичко инженерство и физика во Тирана.

Ние, Македонците од етничка Македонија, македонските иселеници од целиот свет, добронамерниците, особено македонското малцинство во Албанија, на универзитетскиот професор Линдита Никола и’ посакуваме многу среќа и успех во извршувањето на одговорната задача како нов претседател на Парламентот на Република Албанија. 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: На прво место

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

Филипче слави туѓи победи, а ги премолчува поразите на СДС

Филипче порача: „Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен“, алудирајќи на Мицкоски. Самоуверена најава, како победата веќе да му е запишана, а останува само граѓаните да бидат известени. Само што во неговиот список недостига почетокот — оној што на Филипче и на СДС најмалку им одговара. Пред да брои паднати власти во туѓи […]

Лоша вест за Филипче и СДС: Орбан се споменува за ОН — се чека „ветото“ од партискиот штаб!

Само што се израдуваа на веста дека Вучич изгубил на изборите во Србија,  шокантна вест за Филипче и СДС: Вашингтон размислува, Москва и Пекинг можеби би поддржале, Орбан сè уште одмерува — само уште да се провери дали Филипче ќе дозволи! Според „Џерузалем пост“, кој се повикува на извори од три земји, администрацијата на американскиот […]

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

To top