Среда, 23 Септември 2020    PDF Печати Е-пошта
БУГАРСКИТЕ ВЕСНИЦИ ОД 1905 ГОДИНА ЈА НАПАЃАЛЕ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ДЕЈНОСТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

51732477 303

Во нашата јавност е малку познато дека, за разлика од денес, бугарските весници од околу илинденскиот период отворено ја напаѓале македонската национална дејност на  легендата на македонската револуционерна борба Гоце Делчев. Да потсетиме на неговата изјава:

            „Оној што сака да работи за присоединување на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија,  тој може да биде добар Бугарин, добар Грк, или добар Србин, но не и добар Македонец“.

Оваа, како и другите изјави на Гоце Делчев не останале неза­бележани од тогашната бугарска јавност. Поради ваквите свои ставо­ви тој бил напаѓан во Бугарија. Дури некои тогашни бугар­ски весници и цели две години по  смртта на Делчев се  уште го напа­ѓале неговиот лик и неговата македонската нацио­нална дејност. Како пример за ова ќе цитираме извадок од статијата објавена во софискиот весник „Ре­фор­ми“, а  пренесена и во в. „Свободно слово“ од 1905 година (преземени од истражувачката дејност на академик Блаже Ристовски, кому му го посветуваме овој текст). Еве што објавиле бугарските весници од 1905 година за Гоце Делчев:

           „Делчев  навистина почна да се замислува дека е вистински гос­подар на македонското дело и дека неговата волја треба да биде вр­ховна волја. И подоцна почнаа да течат од неговата уста поз­на­тите фрази, како онаа: „Додека моето рамо ја носи пушката, ниту еден бугарски офицер не смее да стапне во Македонија! Гра­ницата е плот од штикови, чии острици се насочени кон градите на офи­це­рите.” Неговите богато плаќани агита­тори и писатели трубат по весниците дека кон границата трчаат густите редови на огор­чената македонска народна моќ и дека прес­тол­­нината нас­коро ќе се претвори во касапница...“         

Ова преставува неспорен доказ за крајно негативното располо­жение на добар дел од тогашниот бугарски печат кон апостолот на македонското ослободително дело Гоце Делчев. Дури подоцна, откако го сфатија неговиот углед меѓу Македонците, Бугарите почнаа да се напрегаат да докажат дека тој бил „Бугарин“. Инаку, овие тогашни ­­бу­гарски на­пади денес се кријат од пошироката јав­ност во Бугарија за што понекогаш дури се користи и бугарската полиција. Имено, во 1996 година,  текст под наслов „Бугарските весници од 1905 година ја напаѓале македонската национална дејност на Гоце Делчев“ испратив за објавување во македонскиот весник „Народна волја“ од Благоевград со кој тогаш тесно соработував. Бугарската полиција некако дознала за тоа и непосредно пред излегувањето на весникот, извршила упад во просториите на редакцијата, барајќи да го заплени тој текст. Но, за среќа,  весникот веќе бил отпечатен, па набргу се најде во јавноста (заедно со мојот текст), а бугарските полицајци останале со празни раце.  За овој скандал уште тогаш објавија и нашите   медиуми, а јас во интервју за  Првата програма на МТВ  искажав јавна благодарност до бугарските полицајци за покажаниот интерес кон мојот текст.        

На крајот да спомнеме дека, според истражувањата на академик Блаже Ристовски, гоцевиот весник „Дело“ уште во 1902 година неретко излегувал со статии против сите пропаганди во Македонија (вклу­чувајќи ја и бугарската), која посебно се одвивала преку Егзархијата.

 1AD

Александар Донски

 

На прво место

News image

Полувековно новинарско творештво сублимирано во монографија

Деновиве од печат излезе монографијата „Погледи на времето“ на Киро Кипроски, доајен на маке...

Историја

News image

Македонија со векови била делена, но Македонците опстанале

„Со потпишувањето на Букурешкиот договор, Македонија беше прв пат поделена и оттогаш судбината и е о...

Иселеници

News image

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ВЕЛУШКА ТУМБА“ (5)

Поврзаноста на браќата Јановски со родното село е голема. ...

Култура и туризам

News image

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир, во храмот на архистратег Миха...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (43)

МОСИНИКИЈА, МИЗИЈА, ДАРДАНИЈА И ТРОЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.