|
||
Владо Мисајловски: Освестете се пред да биде предоцна! |
Дали треба да прифатиме реалност каде што има 555 заболени лица, а се исплатуваат средства за рекетарското СЈО? Реалност во која нема средства за заштитна опрема за здравствените работници кои се во голем број заболени, а има за привремени вработувања и кетеринзи за мене е неприфатлива. Им станува ли сега појасно што направија во Куманово? Дали беше хуман пристапот во петокот кога одлуката за спроведување на полицискиот час преку целиот викенд беше соопштена неколку часа пред тој да започне, по што граѓаните беа приморани да ги наполнат маркетите, пазарите и другите набавни места со цел да се снабдат со храна ? Колкумина граѓани во овие две ситуации се новозаболени ? Доволно беше да постапувате по предлозите кои ви беа давани од опозицијата, граѓаните и од локалниот кризен штаб за да спречите ваква ескалација. Со овој ваш однос дали после Куманово, Скопје е следно за целосен карантин ? Освестете се пред да биде предоцна! |