Среда, 19 Февруари 2020    PDF Печати Е-пошта
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ ПРВИОТ БРОЈ НА СТОМАТОЛОШКОТО СПИСАНИЕ „JAADE“

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ ПРВИОТ БРОЈ НА СТОМАТОЛОШКОТО СПИСАНИЕ „JAADE

1901Стоматолошкото списание JAADE (Journal of the Academy of Aesthetic Dentistry Endomak),   чие прво издание  се појави во јануари 2020 година,  е публикација на  Приватниот научен институт –Академија за естетска стоматологија Ендомак  (прва во државава и во регионот), придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, за обезбедување најнови информации за клиничките третмани, козметичките стоматолошки и заботехнички технологии и техники, и многу повеќе од водечките  стоматолози, забни техничари и специјалисти.

Дваесет и петгодишната работа и потрагата по законите на естетската убавина на насмевката, Приватната здравствена установа Поликлиника од примарна здравствена заштита ЕНДОМАК во Скопје и Струмица и ПЗУ Поликлиника од секундарно ниво ЕНДОМАК Гевгелија, ги доведе пред портите на науката.

Според изјавата на основачот и главниот и одговорен уредник  на списанието, примариус д-р Коте Тасевски, Академијата за естетска стоматологија Ендомак, чиј орган е списанието JAADE има за цел значително да помогне на нашата стоматолошка наука и практика побргу да зајакнат, да имаат обединителна цел и да станат дел од врвните светски практики.  Со тоа на едно место ќе се собират најпознатите имиња на стоматолошките дисциплини и преку постојан едукативен процес ќе ги обучат сите оние кои се жедни за знаење и за напредување.

Исто така, на промоцијата д-р Тасевски рече: Споделувајќи го задоволството за тој наш успех, изразуваме надеж дека Академијата за естетска стоматологија Ендомак ќе биде  обединувачки фактор  меѓу науката и практиката што ќе резултира со унапредување на денталното здравје и дека набргу таа ќе прерасне во нова јатка каде што ќе се применуваат најсовремените техничко-технолошки методи во креирањето на совршена насмевка. 

Со цел да го забрзаат развојот на современата стоматолошка доктрина, со тенденција таа директно да се применува во практиката, вградувајќи ги богатите светски искуства и обезбедувајќи професионални и најсовремени техничко-технолошки ресурси, поликлиниките Ендомак во Скопје, Струмица и Гевгелија oсноваа Приватен научен институт - Академија за естетска стоматологија Ендомак (прва во државата и во регионот), како придружна членка на Универзитетот „ГоцеДелчев“ Штип. 

Со тоа, Академијата за естетска стоматологија ЕНДОМАК,  прерасна во матица на знаењето и на примената на највисоките дострели во техничко-технолошкиот развој, како одговор на потребите што ги има стоматологијата, здравството и општеството базирано на знаење - да едуцира стручни кадри профилирани преку студии. 

Така единствена во поширокото опкружување на земјава, практиката и науката ќе бидат на едно место, со современи стандарди и принципи. На тој начин не само што ќе се даваат забоздравствени услуги туку и ќе се едуцираат голем број млади луге“. 

Инаку, основен принцип на Академијата е да се промовира образованието. За таа цел Академијата постојано ќе организира курсеви, работилници, предавања, стручни презентации, состаноци на работни групи, семинари, индивидуално усовршување, консултации, печатени, видео и комјутерски потпомогнати начини на образување, како и други облици на пренесување на знаење, вештини и информации.

Притоа, треба да се потенцираат заложбите на прим. д-р Коте Тасевски, кој ја покажа насоката во која треба да се развива Ендомак, Академијата за естетска стоматологија Ендомак и стручното списание JAADE.

Водени од желбата да се создаде тим на најеминентните авторитети во домашната, европската и светската естетска стоматологија, со раѓањето на долго сонуваното стоматолошко стручно списание, JAADE, чие име е составено од иницијалите во англиската верзија на Академијата за естетска стоматологија Ендомак – Journal of the Academy of Aesthetic Dentistry Endomak,  се отварат портите за презентација  и реализација на најсовремените и најнови научни достигнувања во таа област. 

Со тоа се сака да се потврди  аспирацијата: ова стручно списание, со објавувањето на оригинални стручни трудови од сите стоматолошки дисциплини да стане респектибилно, цитирано, преземано и пренесувано во светски списанија со инпакт фактор и да покаже и да докаже дека на овој дел од Балканот денес постојат стоматолози и забни техничари кои може рамноправно да се носат со врвните научни и практични достигнувања во светот.

„Токму затоа JAADE излегува двојазично: на македонски и на англиски јазик, за порбгу да стаса до кредибилноста наречена инпакт фактор. Споделувајќи ги сознанијата на балканските стоматолози и разменувајќи ги истовремено со достигнувањата на западноевропските и на американските стоматолози, ние и практично, пред тоа да го направи нашата држава, ќе влеземе во друштвото на земјите кон кои целиме. 

Стручните трудови објавени во првиот број на JAADE, впрочем, со актуелноста, со иновативноста и со научниот пристап покажуваат дека ние веќе сме таму. Тоа е така зашто не чекавме државата да не однесе во тој свет туку сами патот си го пробивме“, рече примариус д-р Коте Тасевски.

Slave Nikolovski - KatinПишува: СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

ВАКЦИНАТА ЗА ТБЦ, СЕГА И ЗА КОВИД-19, ПРЕДЛАГА ПРОФ. Д-Р ДЕНИС ФАУСТМАН ОД ХАРВАРД

ВАКЦИНАТА ЗА ТБЦ, СЕГА И ЗА КОВИД-19,  ПРЕДЛАГА ПРОФ. Д-Р ДЕНИС ФАУСТМАН ОД ХАРВАРД

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (51)

Мане Јаковлевски има голем број пријатели како од Македонија така и во другите земји. Еден од „стр...

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА НА ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА (37)

ЕРУСАЛИМ И ОХРИД - ГРАДОВИ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (15)

VI ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРАИСОТИРСКИОТ ЕГЕЈ (ДЕЛ V)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.