Вторник, 18 Февруари 2020    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски со мерки за инфраструктурен бум, нов автопат Велес – Битола

mickoski 1

Мицкоски со мерки за инфраструктурен бум, нов автопат Велес – Битола, да нема неасфалтиран регионален пат

 

Прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Македонија со Заев стана држава на апсурди во која премиерот кој владееше три години со неправда се свести пред избори дека требало правда.

Апсурди во која владејачката партија поседува штаб за креирање на кризи, во исто време кога кај нас работи штаб за креирање на проекти и програма.

Но јас нема да влегувам во неговата кал, ниту пак да се занимавам со кризи. Јас ќе говорам за тоа како ќе ја промениме реалноста, како ќе излеземе од кризата во која не туркаат, како ќе решиме што повеќе проблеми и ќе донесеме обнова која ќе значи повеќе за секого, за секој еден човек, за секој еден бизнис во земјава. Повеќе правда, повеќе економија, повеќе сигурност и надеж.

Мојот главен фокус ќе биде она каде сега сме најслаби, а тоа е економијата. Таа е фундаментот за добриот живот. Нема развиена економија без добра инфракструктура. Ќе промовирам денес 12 нови проекти кои ќе бидат дел од обновата кон која се обврзуваме од областа на транспортот и инфраструктурата.

Затоа:

Се обврзуваме на обнова која ќе донесе автопатско поврзување на Скопје со Битола, тоа ќе значи градба на нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола. Ќе изградиме автопат по кој од Скопје до Битола ќе се патува за час и половина. Ова значи нова патна артерија, нов коридор односно ново автопатско поврзување од Велес, Чашка, Прилеп па се до Битола, кој е од стратешко значење за Пелагонискиот крај и еден милион граѓани. Воедно ќе го доизградиме сето она што е започнато т.е. автопатите кои што ги започна и предвиде Владата на ВМРО-ДПМНЕ, автопатот Кичево – Охрид и автопатот Скопје – Блаце.

Се обврзуваме за обнова која ќе донесе нов асфалт за регионални патишта во државата. Да нема неасфалтиран регионален пат, односно целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта. Ова значи за еден мандат ќе го замениме целиот дотраен асфалт на сите регионални патишта во земјава, односно до Берово, Дојран, Делчево, Пехчево, Пробиштип, Ресен, Дебар, Кичево, Македонски Брод и останатите градови ќе се вози низ целосно нов асфалт.

Се обврзуваме за обнова со која ќе донесе 2 милијарди евра за инвестиции во патишта. Овде пред се спаѓаат инвестициите и градбата на автопатиштата, експресните и регионалните патни правци. Значи за еден мандат инвестиција од минимум 2 милијарди евра што ќе биде значителна финансиска инекција за градежниот сектор.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на 150 километри експресни патишта низ целата држава.

Се обврзуваме за  обнова која ќе значи изградба на нов експресен пат од Куманово до Крива Паланка. Ова ќе значи целосно поврзување со експресен пат, со широк и безбеден коловоз Куманово со Крива Паланка за посилен економски развој на овој дел од Македонија.

Се обврзуваме за обнова која ќе значи изградба на нов експресен пат од  Битола до Грчка граница, што ќе значи дека покрај тоа што од Скопје до Битола ќе имаме автопатско поврзување со градба на автопатот Велес – Прилеп – Битола, од Битола до Грчка граница ќе се вози по нов експресен пат.

Се обврзуваме на изградба на нов експресен пат од Струмица до границата со соседна Бугарија. Ова ќе биде особено важно за развојот на Струмица, Ново Село, Василево, Босилово и околината. Воедно се обврзуваме и завршување т.е. довршување на експресните патишта кои ги започна и за кои што проектирањето го заврши и го обезбеди финансирањето претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Односно доградба на експресниот пат Штип – Кочани, експресниот пат Штип – Радовиш и експресниот пат Градско –  Прилеп.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи 300 милиони евра инвестиции во  изградба на нови водоводи и канализации низ целата земја со што многу населени места ќе добијат чиста вода за пиење и канализација за пристоен живот.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи купување на 5 нови возови, за подобри услови во железничкиот сообраќај и сериозна модернизација на возниот парк.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на пруга Битола до Грција и пруга за Бугарија која многупати во минатото беше ветувана, но конечно денеска можеме да ветиме дека тоа во мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја завршиме.

Се обврзуваме на обнова која ќе обезбеди нови евтини авио летови до главнит европски аеродроми и поврзување со европските центри. Воедно ќе работиме и за обезбедување на за прв пат прекуокеански летови до САД за поевтина и полесна комуникација.

Се обврзуваме на обнова која ќе значи целосна дигитализација на Катастарот за нулта корупција. Ова ќе значи поедноставени процедури за граѓаните и борба против митото и корупцијата за добивање на услуги кои им следуваат на самите граѓани.

Почитувани,

Имаме мноштво на мерки, и ова се само дел од мерките од нашата програма кон која се обврзувам и обновата за која ќе се избориме. Ова се мерки и обнова која ќе донесе градежен и инфраструктурен бум.

Инвестициите во инфраструктурата се инвестиции во иднината и економскиот развој, наш двигател на над триесетина стопански дејности кои директно или индиректно се поврзани со градежништвото, транспортот и инфрасктруктурата.

Само со овие мерки ќе се обезбеди раст на градежништвото од просечни 30-тина проценти во време на нашиот мандат што значи 30-тина проценти повеќе плати, повеќе работа, повеќе развој на економијата, повеќе за секого.

Внимателно се обмислени, и нема да ветам нешто што нема да го исполниме. И затоа внимавам што ветуваме, со чесност и честитост, со работа и многу работа, со принципи и вредности ќе стигнеме до резултатите кои ги ветуваме и на кои што се обврзуваме.

Инвестициите во инфраструктурата ќе значат обнова која заедно ја планираме со стопанските комори, експертите и тимот на стратешки соработници. Голем дел од проектите се и барање на самите граѓани. Ова е обнова во инфраструктурата која ќе значи повеќе автопатишта, повеќе експресни и нови регионални патишта, повеќе во железничкиот сообраќај, повеќе евтини авио летови, повеќе во комуналната инфраструктура, повеќе за секого.

Обновата доаѓа, победата е пред прагот и за тоа ќе се избориме заеднички и силно.

 

На прво место

News image

ВАКЦИНАТА ЗА ТБЦ, СЕГА И ЗА КОВИД-19, ПРЕДЛАГА ПРОФ. Д-Р ДЕНИС ФАУСТМАН ОД ХАРВАРД

ВАКЦИНАТА ЗА ТБЦ, СЕГА И ЗА КОВИД-19,  ПРЕДЛАГА ПРОФ. Д-Р ДЕНИС ФАУСТМАН ОД ХАРВАРД

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (51)

Мане Јаковлевски има голем број пријатели како од Македонија така и во другите земји. Еден од „стр...

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА НА ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА (37)

ЕРУСАЛИМ И ОХРИД - ГРАДОВИ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (15)

VI ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРАИСОТИРСКИОТ ЕГЕЈ (ДЕЛ V)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.