Понеделник, 17 Февруари 2020    PDF Печати Е-пошта
Димовски контра Митрески: Уставот и Законот предвидуваат двојно мнозинство за Законот за Советот на ЈО

317

Откако координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, повикувајќи се на Законот за комитетот за односи меѓу заедниците, посочи дека Законот за Советот на јавни обвинители не е меѓу оние што се носат со двојно мнозинство, со реакција се јави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Димовски на својот Фејсбук профил посочува член од Законот за Советот на јавни обвинители со кој се регулира употребата на јазиците, а со тоа вели, согласно Уставот, Бадентеровото мнозинство е задолжително.

„Оној стенограм и гласање што ги споделува се од време кога со Законот за Советот на СЈО не се регулираше употребата на јазиците и следствено на тоа, не се ни гласаше со Бадинтер… Но, во денешниот Закон како прв член ја регулираат употребата на јазиците, а тоа повлекува друга постапка. Тоа што прифатија се што им текна на колегите Албанци за овој Закон, не е проблем за мене, туку покажува колку очајно на СДСМ му требаше овој закон за амнестија на се што сторија минативе години. Уставот на Република Македонија во неговиот Амандман 10 регулира дека со Бадинтер се гласаат закони кои регулираат употреба на јазици. “ напиша Димовски на Фејсбук. 

 

Претходно, Димовски потенцираше дека Џафери пред гласањето самиот најавил дека е потребно двојно мнозинство, но не побарал изјаснување на пратениците припадници на немнозинските заедници.

Од кабинетот на Талат Џафери пак, објаснуваат дека тој веднаш се корегирал, па се повикаа на член 11 став 3 од Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците, каде се наведени законите што се гласаат со Бадентер, а меѓу нив го нема Законот за Советот на јавни обвинители.

Опозицијата го повика претседателот на државата да не го потпишува Законот. Од кабинетот на Пендаровски пак, потенцираа дека тоа му е законска обврска како претседател, па ги упатија пратениците своите приговорите да ги достават до Уставниот суд.

Поврзани вести: (ВИДЕО) Собрание: Џафери погрешно најави дека Законот за Советот на ЈО се гласа со Бадентер

https://360stepeni.mk/dimovski-kontra-mitreski-ustavot-i-zakonot-predviduvaat-dvojno-mnozinstvo-za-zakonot-za-sovetot-na-jo/

 

На прво место

News image

Системот во Република Македонија колабира

Срамно е да се излезе на прес конференција и да се тера гол популизам на грб на граѓаните

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Култура и туризам

News image

ОСТАНИ ДОМА - ЗА ТЕБЕ, ЗА НАС

ОСТАНИ ДОМА -  ЗА ТЕБЕ, ЗА НАС ЗА ТАТКОВИНАТА, ЗА ЧОВЕШТВОТО Мини-есеј: Марија Емилија Кукуба...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (14)

VI ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРАИСОТИРСКИОТ ЕГЕЈ (ДЕЛ IV)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.