Сабота, 15 Февруари 2020    PDF Печати Е-пошта
Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија!

61Рашела Мизрахи

Дозволете ми да им се заблагодарам на сите граѓани на Република Македонија, на Собранието и партијата ВМРО-ДПМНЕ за укажаната доверба и номинацијата за министер во техничката Влада на Република Македонија. Ми претставуваше посебна чест и задоволство да им служам на граѓаните.

Дами и господа да се биде министер во техничка Влада во услови на поодмината и долготрајна политичка криза е голем предизвик. Но, желбата да им се помогне на граѓаните е вредна за човек да се соочи со сите предизвици. Нарушени меѓучовечки односи, непостоење на вредности, распаднат систем, криење на проблемите, очајни граѓани, исплашени вработени во Министерството. Тоа се проблемите на Министерството за труд и социјална политика.
Уште не влезена во Министерството како прва Еврејка во историјата на Македонија, назначена за министер во Влада, бев мета на антисемитски напади од лица кои ниту бираа средства, ниту начин и зборови. Па наместо да ја критикуваат мојата работа ја критикуваа мојата верска и национална припадност. И ме обележаа со жолта ѕвезда. Јас разбирам дека право и должност на секој совесен граѓанин е да ја критикува јавната личност, односно политичарот кој сепак е одбран од него. Но, не можам да разберам кога некој Ве критикува поради верската и национална припадност. Последен што тоа го правеше е Гебелс. Луцидните напади ги осудија и претставниците на ОБСЕ и ОДХР во Македонија, а за волја на вистината со бледо соопштение против ова излегоа и токму оние кои го оркестрираа.

Почитувани пратеници,
Сите тие напади кон мене кои почнаа со антисемитизам се засилуваа со секој мој јавен настап во кој со факти и докази и презентирав на македонската јавност дека системот е дисфункционален, а Министерството за труд и социјална политика е блокирано со илјадници нерешени предмети, ужасна кадровска политика и сето тоа на грбот на граѓаните.

Конечно хајката против еврејката Рашела Мизрахи, немајки за што друго, спин докторите на партијата на власт и нивните гласноговорници во очаен обид да ја прикријат вистинската слика за она што се случува во државата и Министерството, погубните политики на СДСМ чии лидери бараат спас од нас, наместо да се фатат со својата работа, заврши и колуминира со евтина тетарска претстава наречена „Таблата во Министерството за Труд и социјална политика“. Наместо да ме остават да им помогнам на болните, инвалидите, децата и најранливите во ова општество и помогнаа на вицепремиерката Царовска својот грев за непроменување на таблата од само за нејзе познати причини да ми биде препишан на мене. Па намето таа да објасни за натрупаните нерешени случаи за донесеното законско решение „case management“ кое е апсолутно дисфинкционално за криминалиите кои ги направила врз синдикатите со сета сила најлесно беше да ја истури својата неспособност и некомпетенстност, а некој друг да го обвини за истото.

Почитувани пратеници,
Не ја прашувајте Рашела Мизрахи, прашајте ја Мила каде е новата табла.
Јас сум граѓанин на Република Македонија кој никогаш не го прекршил ниту Уставот ниту законите. А, Република Македонија е таа затоа што за неа на деветнаесет години загина народниот херој Лиман Каба, Република Македонија е затоа што Баби Садо Хаме за неа изгуби нога во Втората светска војна, Република Македонија е затоа што мојата баба Ризова Трајанка и нејзината бригада „Добри Даскалов“ пет години крвареа. Поради Коста Солев Рацин, Македонија е поради Јордан Пиперката, Даме Груев и Карев. Република Македонија е затоа што нејзината иднина лежи на нејзината историја. А, без историја нема иднина. Реалноста денес е дека парламентарното мнозинство ја заборави историјата, барајќи иднина.
Јас сум Рашела Мизрахи, горда Еврејка од Македонија!

 

На прво место

News image

Системот во Република Македонија колабира

Срамно е да се излезе на прес конференција и да се тера гол популизам на грб на граѓаните

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Култура и туризам

News image

ОСТАНИ ДОМА - ЗА ТЕБЕ, ЗА НАС

ОСТАНИ ДОМА -  ЗА ТЕБЕ, ЗА НАС ЗА ТАТКОВИНАТА, ЗА ЧОВЕШТВОТО Мини-есеј: Марија Емилија Кукуба...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (14)

VI ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРАИСОТИРСКИОТ ЕГЕЈ (ДЕЛ IV)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.