Четврток, 05 Декември 2019    PDF Печати Е-пошта
Имаме премиер кој стана фабрика за лажни вести

79444726 1399609010214554 7265712714838704128 o

ФБ објава на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Уште 4 месеци до крајот на оваа влада, и уште 29 дена Заев премиер.

Денес сум овде во Ѓорче и јас за разлика од Заев знам како живеат овие луѓе и затоа тргнавме во поход кој ќе значи обнова и промени. Денес Заев рече дека дошол од Бакингамската палата директно во Волково, но онаа повозрасна женичка која си ја кажа маката за тоа дека нема канализација во 21 век го тресна во реалноста. И се покажа дека вистината не се оние розеви очила кои ни ги нудат од удобните фотелји од владата, туку тука меѓу народот. А уште поголем тресок и средба со реалноста ќе има на 3 јануари, а најголемиот следи на 12 април кога народот ќе го испрати во политичка пензија. А потоа следува одговорност.

Денес најголем проблем и пречка на правдата е Зоран Заев. И за кус период неколку работи го извадија Заев на чистина и се покажа дека не ја говори вистината.

Првиот беше кога недела дена говореа за автенично толкување на член на амнестијата и повици ние да ја прифатиме за да на крајот нивните пратеници не го прифатат. Притоа нема ниту збор и има целосен молк за нашите предлози да нема амнестија за политичари, и амнестирани лица да не може да се занимаваат со политика.

Вториот пат излезе на чистина манипулацијата на Заев кога молчи за предлогот за проверка на имот на политичари. Очигледно е нервозен и исплашен.

Третиот пат е кога не прифатија идеја за кандидат мандатар зошто планира по поразот на изборите да се крие позади пратеничкиот имунитет.

И четвртиот пат го видовте денес, кога призна дека се плаши од народот и без оправдана причина не сака да се усвои протокол за влез во НАТО за да може потоа тоа да го користи за изговор за одложување на изборите.

Имаме премиер кој стана фабрика за лажни вести, какви ќе слушаме се почесто, затоа што нервозата е огромна во владините кругови. Доаѓа обновата, народот ќе се избори за промени и нова надеж. #ОбноваНаМакедонија

 

На прво место

News image

Николоски: Ако судот не ја заврши својата работа со случајот „Рекет“, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со нови сознанија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во утринското гостување на Алфа телевиз...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (39)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (39)

Иселеници

News image

Богојавление го одбележаа и Македонците во Албанија

Богојавление го одбележаа и Македонците во Албанија

Култура и туризам

News image

ЗА БОЖИЌ -СО ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ

Поетесата Марија Емилија Кукубајска ЗА БОЖИЌ  -СО ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (3)

ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТАНА ПАНОНИЈА (ДЕЛ I)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.