Сабота, 16 Ноември 2019    PDF Печати Е-пошта
„Macedonia the GReat“ може да го наруши Преспанскиот договор

 

 

901

МНР тврди „Macedonia the GReat“ може да го наруши Преспанскиот договор, Владата објаснува извезуваме како „Северна Македонија“

Македонското МНР не било информирано дека Грција ќе си го промовира брендот Macedonia the GReat.

Ваквиот унилатерален приод ја подрива меуѓусебната доверба и според министерството согласно договорото од Преспа вакви прашања, треба да бидат регулирани заеднички од страна на деловните заедници.

- Унилатералеиот пристап може да доведе до подривање на меѓусебната доверба и да има негативно влијание врз досегашните напори и постигнати резултати меѓу двете држави, кои претставуваат пример за надминување на билатералните предизвици., се наведува во писмената реакција на Министерството за надворешни работи.

На прашањето на Сител, под кој бренд сега ќе се извезуваат македонските произоводи- од Владата велат дека постојат многу трговски марки и во едната и во другата држава, под кои се произведуваат и извезуваат производи .

-Ако мислите на ознака под географско потекло на производите, во смила Маде ин ...., Република Северна Мкаедонија во Хеленската Република извезува свои производи согласно постојните регулативи  на ЕУ и Светската трговска организација. Во извозните документи го користи своето ново име и го почитува Преспанскиот договор  и обврските кои произлегуваат од него., се наведува во владиниот допис.

Гестот на Гција е понижувачки, а уште поголем проблем е што нашето водство – преговарачи мува не ги лази да дадат оставки или да бидат сменети, напиша на социјалните мрежи политичкиот аналитичар Арсим Зеколи. И Британскиот експерт за Балкaнот Ханс Ван ден Берг , ја осудува грчката кампања, за која вели дека е   навреда по повреда.  

-По неодамнешниот совет на ЕУ, каде Грцијата се држеше до тоа Албанија и Македонија да одат во пакет и индиректно им стави вето и на двете, Грција сега смета дека е вистинско време да покрене кампања Macedonia the Great. Уверен сум дека таквиот став се нарекува повреда по навреда . По никаков начин, форма или облик , тој нема никаква врска со помирувањето, напиша Ван ден Берг.

Грчкиот премиер Мицотакис лично ја промовираше трговската марка под која ќе се извезуваат производите произведени во Северна Грција.  Согласно Преспанскиот договор, прашањето за трговски марки и ознаки  треба да биде затворено за 3 години,  до средината на 2022 година.

https://sitel.com.mk/mnr-tvrdi-macedonia-great-mozhe-da-go-narushi-prespanskiot-dogovor-vladata-objasnuva-izvezuvame-kako

 

На прво место

News image

Имаме премиер кој стана фабрика за лажни вести

ФБ објава на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Уште 4 месеци до крајот на оваа влада...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.