Вторник, 22 Октомври 2019    PDF Печати Е-пошта
Зоран Заев – премиер со најкусо владеење, а со најголеми штети за Македонија

Ете бидна и тоа. На Зоран Заев му истекува рокот на траење на 3 јануари 2020 година. Уште два месеци и десет дена. Толку му беше. Под негова палка, како што стојат работите, СДСМ беше најкусо на власт. Ама затоа овој човек, во тој најкус рок, направи најголема штета на Македонија. И материјална и нематеријална.

Точно 29 месеци премиерување му беа потребни на Заев, да го убие вековниот идентитет на Македонија, да го погази Македонскиот јазик, длабоко да го подели македонскиот народ и да се удави во дузина корупциски скандали, тешки милиони евра.

Од каде човек да почне?

Од т.н. Тиранска платформа, за која Заев и сите негови подопашници во СДСМ не’ убедуваа дека такво нешто не постои? На почетокот на годинава беше донесен Законот за јазици, поточно албанскиот стана службен јазик во Македонија. Тоа и беше предвидено во т.н. Тиранска платформа и тоа во вториот пасус од првата точка. А, не’ убедуваа дека не постои никаква платформа. Ех.

Или од нелигитимниот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието на фамозниот 27 април 2017 година? Човекот си доби функција, која е трета по важност во државава, со маалско гласање од нога, и тоа со само 59 гласа, а не со 61 како што предвидува законот. Така барем сведочеше службено лице од Собранието задолжено за компјутерското пребројување на гласовите, на судењето за немилите случувања во македонскиот парламент. Секако за тоа постојат и документи во судот, односно записник од неговото сведочење.

Можеби, пак, треба да се почне од Договорот за добрососедство со Бугарија, кој Заев го потпиша во август 2017-та, а кој сега и тоа како силно ни се удри од глава. Најстрашното што Бугарија го бара од нас со овој договор, е тоа дека ние како држава треба да пријавиме самите во Обединетите нации дека македонски јазик не постои и дека јазикот кој го говориме е дијалект на бугарскиот јазик. И тоа ни е поставено како услов за влез во ЕУ. А, Бугарите се таму, ние не сме.

Сепак, мислам дека најголемата штета за Македонија се случи на 17 јуни 2018 година со потпишувањето на т.н. Преспански договор, за решавање на деценискиот спор кој Грција ни го наметна за уставното име. Апсолутно нема потреба да се анализира договорот, доволно е да се знае дека Грција нема никакви обврски од овој договор, а Македонија е обременета со цела дузина. Дури и со брусење шахти.

И додека траеше креирањето и спроведувањето на овие непоправливи и колосални штети на Македонија, Заев цело време си тераше политички прогон со своето лично и приватно обвинителство, познато во јавноста како СЈО. Политички неподобните беа судени и гонети по личен избор, не по тоа дали се огрешиле пред законот. А, чекавме сите да видиме криминали, ама материјални докази немаше, се’ се сведе само на прислушуваните разговори, кои всушност требаше да бидат индиција за сторен криминал, која подоцна истрагите требаше да ја поткрепат со материјални докази и сведоци. Ништо до тоа. А, и на крајот излезе дека и разговорите биле сечени, лепени, монтирани. Така барем сведочеше во суд оној што беше алфа и омега за нив – Зоран Верушевски. Од друга страна, за да покаже Заев дека и судството го држи силно стегнато во рака, во мај 2018 година ја видовме ослободителната пресуда за него за случајот „Поткуп“. Тука судството дефинитивно ни почина. Бог да го прости.

Истовремено, си се тераа тендер бизнисите како оној во Министерството за здравство тежок околу 30 милиони евра, или како оној во М-НАВ или Македонска навигација, тежок околу 7 милиони евра, а за кој дури слушнавме и „експертски“ согледувања и ставови во однос на некои држави, нации, а богами и за екваторот, на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Имаше и широкоградни дарувањата на државни пари на партиските послушници преку Фондот за иновации. Си поделија ни помалку, ни повеќе туку 11 милиони евра. Ама имаше и ќутек. Па така, го слушнавме градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш, како тепа и малтретира граѓанин. Не изостанаа ниту медиумите. Весниците беа корумпирани со државни пари под изговор дека се поттикнува медиумската писменост и борбата против лажните вести.

Некаде па, се мешаа тендерите со СЈО нарачките. Како на пример со случајот „Рекет2“, каде инволвирани се директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев, и министерот за здравство Венко Филипче. Стопирале странска инвестиција вредна 11,5 милиони евра. Па на крајот на краиштата што ќе ни е таа инвестиција, кога Заев си носеше инвестиции во земјава. Па, нели сечеше црвена лента на сендвичара? Ете странска инвестиција. Што сакаме и ние повеќе. Мала земја сме.

Но, рака на срце најголем земјотрес предизвика сепак аферата „Рекет“. Приватното обвинителство на Заев тука пропадна. Се удави во сопствените л***а. Првата палка таму, Катица Јанева, заврши во притвор, заедно со пиуните Бојан Јовановски и Зоран Милевски. Грчевита беше борбата на Заев да ги заштити партиските луѓе вмешани во скандалот. Донекаде и успеа. Курбан отиде само Фросина Ременски. Засега. А, Јанева престана да му биде симпат и фаворит, веднаш ја стрампа за Вилма Русковска.

И сето ова погоре доживеа финале минатата недела. Чекајќи датум од Европската унија, Заев и СДСМ дочекаа дебакл. Студен туш. А, дента кога Советот на Европа требаше да се изјасни околу тоа дали Македонија ќе добие датум или не, во јавноста беше објавена видео снимка од заменик министерот за здравство, Асим Муса, како лапа мито. Мртов ладен си става в џеб дури 50 евра. Ама капар биле. Па, треба ли да се каже или напише нешто повеќе. Се’ е кажано со тие 3.000 денари.

И на крајот дојде крајот на Зоран Заев и неговата СДСМ. На трети јануари заминува. Во грдиот дел од историјата.

Не треба многу за да се знае за кого НЕ ТРЕБА да се гласа. Не треба многу за да се знае за кого ТРЕБА да се гласа. Сигурно не треба да се гласа за погоре напишаната и остварена „програма“. Не треба да се гласа за таа „програма“, бидејќи „зборот е збор“ и Македонија ќе биде целосно уништена и прегазена на „прав пат“.

Потребна ни е #ОбноваНаМакедонија!

https://netpress.com.mk/zoran-zaev-premier-so-na-kuso-vladee-e-a-so-na-golemi-shteti-za-makedoni-a/
 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: Изборот е Заев или Македонија

Христијан Мицкоски: Изборот е Заев или Македони

Историја

News image

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

Иселеници

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: АМБАСАДОРОТ РИСТО НИКОВСКИ ОД РЕСЕН – ГЛАСНОГОВОРНИК ЗА МАКЕДОНИЈА (10)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (35)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АНТИЧКИОТ МИТОЛОШКИ СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ – I ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.