|
||||
Христијан Мицкоски: секој кој што се огрешил пред законот мора да одговора |
Без оглед на тоа кој направил криминал ако има докази за тоа треба да одговараЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата Отворено потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ бара правда и владеење на правото, почитување на законите додавајќи дека секој кој што се огрешил пред законот мора да одговора соодветно пред органите на прогонот Нашата заложба е безусловно почитување на законите и Уставот и ние ги охрабруваме органите на прогон, правосудството во државата да расчисти со криминалот, но не само да расчисти со криминалот за оние луѓе за кои постои сомнение дека сториле криминалот од 2008 до 2015. Да се расчисти и после 2015, но и пред 2008. Да се расчисти и да нема стареење за дела каде што постои сомневање за сторен криминал, секој што се огрешил пред законот да си одговара и осрамотил пред граѓаните, без разлика на тоа дали бил премиер, министер, директор или лидер на опозиција, дали бил припадник на една или друга политичка партија, кажа Мицкоски. Мицкоски истакна дека според законот за обвинителство во секој момент може јавното обвинителство да започне одредена постапка доколку има индиции за сторено кривично дело и доколку има докази од истрагата тогаш да се покрене обвинение кое на крај ќе резултира со ослободителна или осудителна пресуда. Никој не го спречува сите тие истраги, предистраги да ги однесе до државното јавно обвинителство и доколку државното јавно обвинителство констатира дека има индиции за сторен криминал да отпочне постапка, доколку таа постапка доведе до докази до тој сторен криминал да покрене обвинение, па потоа да има судски процес и на крајот тој судски процес да заврши со ослободителна или осудителна пресуда, посочи Мицкоски. |