Антонио Милошоски
Потребна е АНКЕТНА комисија за СЈО, бидејќи СЈО веројатно е најголемиот пример за вработување со непотизам во Македонија, од она што досега е објавено по соц.медиуми:
1&2. Ефимија и Љупчо Чучурски, први братучеди на обвинителот Гаврил Бубевски. 3. Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова си го вработила своето кумашинче, кое случајно е и син на Игор Милев, блзиок соработник на Заев и член на ДИК по предлог од СДСМ од Радовиш. 4. Елена Јосифовска, чија мајка Бети Јосифовска беше обвинител во СЈО. 5. Владимир Миладиновски, внук на истата обвинителката Елизабета Јосифовска. 6. Петре Бошков вработен во СЈО како зет за прва братучетка на министерката Десковска. 7. Ѓорге Делиџаков од Гевгелија, внук од сестра на Катица Јанева, вработен како економски приправник. 8. Вработена во СЈО е и девојката на Лазар Јанев, син на Катица Јанева. 9. Вработен беше и синот на врховната судијка Лидија Неделкова, Давид Неделков. 10. Ќерката на поранешниот директор на МЕПСО Сашо Василевски, Марија Василевска. 11. Синот на судивката Мира Ангелеска од Кичево, Стојанче Ангелески. 12. Ќерката на членот на Советот на јавни обвинители Коле Штериов, Теа Штериова. 13. Близок роднина на Ахмед Рушити, судија во Апелација од Гостивар, Вулнет Рушити. 14. На платниот список на СЈО е и Катерина Рамбабова, ќерка на кандидат за пратеник на СДСМ и ќерка на поранешен претседател на судот во Штип, Миланчо Рамбабов. 15. Синот на судијата Лазар Ризов од Неготино. 16. ќерката на Борис Тунџев директор на Катастар, Катерина Тунџева. 17. Миле Трајковски, советник од редовите на СДСМ во Советот на Општина Крива Паланка. 18. Катица Јанева призна исто така дека го вработила членот на СДСМ Борче Боки Трајковски, лице осудено за измама кое издржало една година затвор. 19. Ѓорѓи Камчев, роднина на првиот на општинската на СДСМ кој активно учествувал во протестите во организација на Шарената револуција. 20. Ангажманот на Мирослав Грчев, функционер на СДСМ, од СЈО е ангажиран да изготви вештачење за случајот Космос. 21. Катица Јанева во СЈО си го вработила и шоферот од Основниот cyд во Гевгелија како личен шофер, а неговото име е Вили Јанев, случајно или не. 22. Душко Димитреиески како возач во СЈО, сопруг на обвинителката Душица Димитриевска од ОЈО Гостивар чии зет за ќерка е Трајче Нешкоски, поранешен генерален секретар на СДММ. |