Понеделник, 19 Август 2019    PDF Печати Е-пошта
Пандов до Катица Јанева: Да си спремиш за утре торбичка со пижамки, папучки, четкичка за заби…

Пандов до Катица Јанева: Да си спремиш за утре торбичка со пижамки, папучки, четкичка за заби…

Пандов до Катица Јанева: Да си спремиш за утре торбичка со пижамки, папучки, четкичка за заби…

Катице те мислам, поточно ден ноќ не ми излегуваш од глава. Сон не ме фаќа, се секирам. Сигурно и ти си насекирана . Те молам не се секирај, се ќе биде во ред. Што не поминало, па и ова ќе помине. Седнат дома замислен, под голем стрес и силна напнатост пред утрешниот ден, се потсетив на август 1990 година.
 
Не знам Кате ти дали знаеш, ама секој што служел војска знае дека меѓу првите работи како гуштер што си набавуваш е календарче, по можност со гола девојка од опачината. Едно од најсмирувачките моменти во текот на секој поминат божји ден ти е моментот кога седнуваш и со пенкалце го шкрташ изминатиот ден. И така од ден во ден остануваат се помалку датуми на календарот, плавата боја од пенкалото е се подоминантна над белата која е на се помал дел од календарчето. Кога ќе паднеш под 100 веќе си ,,џомба” па кога шеташ низ војничкиот двор останатите војници ги отпоздравуваш со ,,цифра” (денови до скидање). Последните се со префиксот нула нула плус бројката, се до денот како што ти е тебе денешниот, нула нула НОЌ. Те фаќа грч, нервоза, триста мисли ти се вртат низ глава, ме чека ли девојка ми, абе што се не! Со еден збор, пролив ситуација..
 
Сакам да ти кажам, те разбирам. До душа тогаш јас се ,,скидав” од војска, а ти влагаш унутра, но верувај ми ,,мање више” филингот е ист.
 
Јас Катице сега имам многу мој браќа кој се внатре, па искомуницирав да им кажам дека им доаѓаш како цимерка. Искрено да ти кажам немаш претстава сите колку многу се израдуваа, те поздравија и како навиени ми го повторија истото, нека не се секира, се ќе биде во ред.
 
Уште ова на крај да те потсетам да си спремиш за утре торбичка со пижамки, папучки, четкичка за заби и паста, тампони, напиша Александар Пандов на Фејсбук.
 

На прво место

News image

Политичка номенклатура

Гоце Марков-колумнист, Македонец и Човек

Иселеници

News image

Борис Ничов – бизнисмен и градител на „Преспанскиот крст“ (15)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ - САД

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: ПИСАТЕЛОТ СТЕРЈО СПАСЕ ОД ГЛОБОЧАНИ – ЗНАЧАЕН ЛИТЕРАТУРЕН ТВОРЕЦ (2)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (27)

МИГРАЦИЈАТА НА ДОРЦИТЕ (ХЕЛЕНИТЕ) ВО ПЕЛАЗГИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.