Вторник, 13 Август 2019    PDF Печати Е-пошта
ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА КОЈА СЕ НАОЃА ВО ОПАСНОСТ

doom 1Македонска нација

ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА КОЈА СЕ НАОЃА ВО ОПАСНОСТ ДА БИДЕ ПРОМЕНЕТА ВО ПОЛЗА НА НАШИТЕ НЕГАТОРИ

Од среда 14.8.2019 година во електронското списание на „Македонска нација“  во рубриката „Историја“ читајте го ексклузивниот историски фељтон под наслов: „МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД“ од Александар Донски. Во фељтонот (кој ќе излегува во продолженија секоја среда) ќе бидат претставени автентични сведоштва и документи  за македонското национално самосознание на револуционерите во Илинденскиот период. Меѓу другото ќе прочитате дека:

Бугарските весници во 1905 година жестоко ја напаѓале македонската револуционерна дејност на Гоце Делчев, а овие податоци  денес се кријат од пошироката јавност во Бугарија! Ќе прочитате автентични написи од овие весници од тоа време во кои се напаѓа Гоце Делчев!

Водачот на Илинденското востание Борис Сарафов во своите интервјуа за странски весници, давани пред и по востанието,  сосема јасно тврдел дека Македонците не се ни Бугари ни Срби, туку само Македонци! За ваквите негови ставови пишувале и странски новинари, а овие изјави целосно ќе бидат претставени во фељтонот. Ќе прочитате и зошто Сарафов (за кого Крсте Мисирков напишал дека бил „идол на Македонскиот народ“) неправедно беше оцрнет од македонската комунистичка историографија само затоа што бил десничар. Овде нападно се поставува прашањето до бугарските историчари: како е можно сите илинденци да биле „Бугари“, а нивниот водач, кој им бил идол, да се декларирал себеси како Македонец!?

Претседателот на Крушевската република Никола Карев во интервју за грчки весник јасно себеси се декларирал како потомок на античките Македонци!

Водачот на Горноџумајското востание од 1902 година полковник Атанас Јанков (инаку етнички Македонец, кој подоцна учествувал и во Илинденското востание), пред почетокот на востанието до востаниците упатил еден од најпатриотските говори во македонската револуционерна историја, кој во целост гласи: „Македонци! Сетете се за светскиот победител, за свет¬ската слава на Македонија - великиот Александар Македонски! Се¬тете се за храбриот цар Саму¬ил, македонскиот великан, за прек¬расниот Марко Крале, општо¬слвенската слава - дека во сите нив течела македонска крв. Тие сега од небесните височини бдеат над нас и го благословуваат нашето започнато дело. Да се покажеме како нивни достојни потомци!“ Денес во Бугарија овој повик се крие од пошироката јавност.

Директни изјави и посредни сведоштва  за македонската  национална свест на војводата Благој Биринчето, Димитар Мирасчиев, Јордан Ангелов, Матеј Геров и други.

Признание од бугарскиот егзархиски агент Ефтим Спространов, кој во ноември 1903 година разочарано констатирал дека дека Македонците (цитат): „со мака го учеле бугарскиот јазик“.

Бројни сведоштва од странски автори кои ја посетиле Македонија во илинденскиот период при што јасно сведочеле дека народот овде се национално се определувал како Македонци.

Сведоштва за подготовката за отворање училишта на македонски јазик во илинденскиот период и многу други повеќе или помалку познати сведоштва, кои никого нема да остават рамнодушен.

Авторот Донски овој фељтон го посветува на академик Блаже Ристовски (1931 – 2018) од чии дела се преземени добар дел од изнесените факти.

Фељтонот „МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД“ ќе претставува и сериозно предупредување до нашата историска Комисија која преговара со своите бугарски колеги околу македонската историја да ги третираат и историските факти кои овде се изнесени.

 

На прво место

News image

Кога си го бришете минатото си ја бришете иднината

пишува: Џејсон Мико Кога си го бришете минатото си ја бришете иднината

Историја

News image

Реканско Галички војводи

Иван Дуков Пендаровски

Иселеници

Култура и туризам

News image

СВЕТИ МАЧЕНИК СПАСЕ РАДОВИШКИ

Проф.Др. Марко Китевски

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (23)

ПЛЕМЕТО АХЕЈЦИ ВО ПЕЛАЗГИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.