Среда, 17 Јули 2019    PDF Печати Е-пошта
Истрагата не смее да заврши само со Боки 13 и Зоран Милески Кичеец

Аферата со рекет на бизнисмени е уште еден приказ како аболицираниот криминалец Зоран Заев ја практикува власта во државата

Зоран Заев и СДСМ се заштитници и промотори на криминалот и корупцијата  во Република Македонија.

Последната афера со рекет на бизнисмени е уште еден приказ како аболицираниот криминалец Зоран Заев ја практикува власта во државата.

Постојат сериозни сомнежи и индиции дека токму Зоран Заев е врвот на овој криминален октопод на рекетарската банда и токму затоа се сите овие негови панични испади и овој  театар кој и го приредуваат на јавноста.

Целата јавност слушна за приказната во која високи функционери на СДСМ заедно со обвинител и Боки 13 вршеле рекет на  бизнисмени барајќи им огромни суми на пари.  Практично невозможно е сето тоа да не било без знаење и амин од Зоран Заев.

Впрочем  Зоран Заев беше човекот кој жестоко ја бранеше и штитеше Катица Јанева, велејќи дека никогаш нема да се откаже од неа.  Затоа и обвинителството ја штити од одговорност Јанева и нема побарано притвор за неа.

Доколку власта навистина спроведуваше правда ќе беа уапсени Кики и Фрики и ќе беа соопштени нивните вистински имиња, но тие се штитат единствено затоа што се високи претставници во СДСМ и блиски луѓе на Зоран Заев.

Јавноста очекува одговори кои се Кики и Фрки, но и на кој висок функционер му се јавила Јанева пред да и го одземат телефонот и дали е точно дека токму поради тој повик бил заборавен налогот за нејзино приведување.

Истрагата не смее да заврши само со Боки 13 и Зоран Милески Кичеец. Вистинските нарачатели и извршители не смее да се спасат и мора да излезат пред лицето на правдата.

Со Македонија владее криминална и монструозна гарнитура чии врхушка и функционери вршат рекет, местат тендери, тепаат и се закануваат на граѓани и прават криминал на секој чекор без притоа никој да одговара. Затоа неопходни се оставки и веднаш распишување на предвремени парламентарни избори.

Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат за да се вратат правдата и владеењето на правото во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Кога си го бришете минатото си ја бришете иднината

пишува: Џејсон Мико Кога си го бришете минатото си ја бришете иднината

Историја

News image

Реканско Галички војводи

Иван Дуков Пендаровски

Иселеници

Култура и туризам

News image

СВЕТИ МАЧЕНИК СПАСЕ РАДОВИШКИ

Проф.Др. Марко Китевски

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (23)

ПЛЕМЕТО АХЕЈЦИ ВО ПЕЛАЗГИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.