Вторник, 16 Јули 2019    Печати
Мицкоски ја ниша фотелјата на Јанева

Mazedonien Press Sonderstaatsanwaltschaft in Skopje (DW/P. Stojanovski
DW/P. Stojanovski) Објавено на Дојче Веле на 14.03.2019

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, покрај досегашните обвинувања за работата на СЈО, вчера изјави дека има и други индиции. Јанева тврди дека СЈО ја потврдило довербата.

Надлежноста на СЈО и опстанокот на неговиот тим вчера беа една од клучните теми во три тв-интервјуа: со премиерот Заев на „Канал 5“, со Мицкоски на „Сител“ и со Јанева на „1 ТВ“.

„Ќе бараме Комисија составена од членови на политички партии да направи комплетна ревизија на работењето на СЈО“, порача синоќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој уште еднаш ги објасни неговите оценки дадени по лидерската средба со Заев, дека ВМРО-ДПМНЕ „има сериозни индиции дека во СЈО не се работело по закон“.

„Дваесет милиони евра пари на даночните обврзници се потрошени, а резултатите се катастрофални.

Да истражиме дали овие индиции се точни“, потенцираше Мицкоски.