Петок, 05 Јули 2019    Печати
Ламбе Арнаудов: LUPUS – SLЕ

lambe-arnaudov

Ламбе Арнаудов: LUPUS – SLЕ

Господ да ја чува Македонија од политичари дезертери, интелектуалци кукавици и корумпирани судии. Сите заедно се бојни отрови, нуклеарен отпад и поединечна и групна опасност за дискриминација на луѓето. Ги задушуваат човечките права и слободи, ја занемуваат гласноста на демократијата, радиоактивно го озрачуваат општеството и немилосрдно газат по човечки судбини одземајќи им ја неправедно слободата, имотите, а не ретко и животите на нивните граѓани. Апокалиптично, зар не?

Но, сепак уште пострашно, сите тие се Lupus за македонското општество. LUPUS - SLE ( системски лупус еритематозус – systemic lupus erythematosus ) е автоимуно заболување кај кое самото тело наместо да се грижи да го сочува здравјето на организмот, предадено од сопствениот имунитет, се претвора во агресор и ги напаѓа и убива сопствените клетки, ткива и витални органи - белите дробови, срце, црн дроб, панкреас, бубрези, а создава и тешки нервни растројства. Девет пати повеќе ги напаѓа жените и што е најстрашно најчесто во возраста на нивната репродуктивна моќ.

Сите вие заедно хемиски ја стерилизиравте нашата Татковина, ја направивте јалова да не може да ја воспостави, одржи и продолжи репродуктивната врска. Брутално и безмилосно удривте по нејзините највитални органи – име, идентитет, јазик, потекло, народ, историја. А бевте должни под заклетва пред Уставот и народот да бидете најсилниот имунитет што ќе ја брани Македонија и македонскиот народ. Вие го направивте токму спротивното, што е за секаква осуда.

Жестоко ги оштетивте, ама пребрзо се израдувавте. Не сметавте и заборавивте на отпорот со кој ќе се соочите од имунитетот на целиот организам како систем.

Интересно е (кибернетички) дека и во биолошките организми и општествени на противударот што доаѓа од системскиот имунитет, болеста сама се повлекува веднаш, барем кај демократско организирани општества.

Кај нас тоа нема да се случи, затоа што вие крвнички се борите да ја докрајчите Македонија и македонскиот народ.

Вас, системски волчиња ќе ве победи силната и никогаш непобедлива земна и небесна силна војска што ја предводат серафимите, народни војсководци исполнети со чест, патриотизам, родољубие и неизмерна лојалност кон својата татковина. Тоа е најсилниот имунитет кој ги лекува сите болести и името му е НАРОД. Силно, незапирливо ве победува и ве тера на повлекување и многу скоро ќе ве предаде во рацете на правдата која за вакви тешки кривични дела, животно загрозувачки по народот и државата е немилосрдно праведна.

Сите предавства се грозни и се за општа осуда. Но, најголемото предавство е на нападнатиот  да нé му се овозможи да се одбрани и со тешки диверзии и дезертерства одвнатре да го направиш лесен плен на непријателот. Вие, со разни сплетки, закани, пропаганди, затварања и тепања, токму тоа му го направивте на сопствениот народ. Тоа народот нема да ви го заборави. Прво да го анестезираш, да го ошумоглавиш, да го заведиш и потоа да го водиш на јаже како за на колење. Одговорот што ќе го добиете  ќе е соодветен во стилот на познатата изрека на Черчил: “Со ганстери, ганстер.“

Зоране, Зоране, со кого се дружиш или кој сé се дружи со тебе, сеедно. Помеѓу двата круга на претседателски избори еден метлар кој сакаше да ги помете подобрите од себе, но сам се помете, затоа што не можеше метлата да ја држи во неговите млитави раце и дури и седнат се тетеравеше, од премиер те направи метлар, чистач или хигиеничар. Тебе не ти треба метла. Метлата е средство за метење, но и за летање. Како што гледаш тој ја јавна метлата и полета и себе си се помете. Не знам, симболиката кажува дека можеби и тебе тоа ти го посакува.

Тебе Зоране, ти треба ИЗБОР. Ти си селектор, а не чистач. Во последно време зборот чистач има грдо, мафијашко, полициско значење за чистење и прикривање тешки злосторства со цел да се прикрие извршителот. Се плашам дека многу твои соработници веќе тебе галантно ти ја доделуваат оваа непристојна задача.

Ама, сиромав ти, дали си слаб селектор или репрезентативниот потенцијал за избор ти е за никаде, та не знаеш што правиш.

Навистина бираш школувани луѓе со дипломи. Дипломата однадвор те прави интелектуалец, ама одвнатре ако пред тоа си бил прост сега со дипломата ако си учен недоучен, си уште попрост, ако си бил глупав, сега си уште поглупав, а ако си бил будала продолжуваш да си будала. Многумина од твоите избрани репрезентативци и претходно и сега ти се такви, и што е уште полошо поносни се на својата глупост и со неа се гордеат.

Разликата помеѓу “школуваните“ дипломци и учените, едуцирани и просветени луѓе е многу голема. Умните луѓе, образованието сеопфатно, интерактивно и компаративно го впиваат во себе и сето тоа место напразно да го чуваат за себе, безрезервно го споделуваат со сопствениот народ и му овозможуваат многу поквалитетен живот и висок стандард. Ти и твојта дружина од таквите луѓе се грозите, се плашите, воопшто не ги цените и ги фрлате на периферијата на нашето сурово општество под ваше владение, не ретко и ги затварате.

Токму таквите луѓе ВМРО ДПМНЕ на чело со Лидерот Христијан Мицкоски ги повика и им порача дека ТИЕ, апостолите за снажна, горда, слободна, демократска и богата Македонија, наскоро сопствената татковина ќе ја кренат на нозе, ќе ӣ ја исправат кичмата, ќе ја направат пристојно место за живеење и непонижена и не потценета под своето вековно име Република Македонија ќе ја внесат во ЕУ и Нато.

Примабалерината при балетот и опера на СДСМ под диригенство на Зоран Заев, која во Македонија никој не ја памети по некоја добро одиграна претстава, освен што сака сите луѓе да ги затвори (генетска наследност), на стотината илјади граѓани на пречекот на светците на македонскиот спорт им порачаа “Марш багро неписмена“.

Е, па драги мои, старите Охриѓани за ваквите ирационални за некого поволни времиња, а за други не, имаат една мудра изрека: “Година твоја, Година моја“.

Ова е година на тие 100 илјади луѓе од плоштадот и уште милион луѓе од сите градови и села, гневни, обесправени и разочарани, но духовно безрезервно посветени и полни со љубов кон својата Татковина и народ, ви порачуваат:

Марш багро неписмена предавничка, одродена !

Марш засекогаш !

Марш, затоа што вие секогаш работате за себе, многу често за непријателите, НИКОГАШ за ТАТКОВИНАТА !

Марш засекогаш, затоа што само тој занает добро го имате испечено, а друг не знаете !

Твоите главни инструменти и механизми во непринципиелната војна до истребување на ВМРО ДПМНЕ, СЈО и срамното судството полека но сигурно наликуваат на руската НКВД од времето на Сталин. Зградите им се исти со седиштето на злогласната НКВД за која важеше правилото “Кој влегол внатре, жив не излегол“. Во овој случај нема да биде толку лошо, но не ќе да е ни на арно, затоа што сите што таму влегоа од затвор нема да куртулат.

Секако има и такви, многумина ќе куртулат, затоа што во последно време СЈО – специјалното јавно обвинителство доби нова улога и име. Сега СЈО значи Симфониски јавен оркестар. Првата пред премиера веќе маестрално ја отсвиреа и тоа пред многу пребирлива публика. Либретото на операта што ја изведоа е трагедија каде што Ти си главниот лик, жртва, предаден од монструмите што сам ги создаде. Таквите се најопасни, стапицата веќе ти е подготвена, не можеш да ја избегнеш. Знаеш зошто? Многу личи на судбината на некој си богат човек кого пријателите го убедувале дека извесна личност сака да го ликвидира. На нивното упорно настојување, тој одговорил: Тој не може да ме убие. Кога го прашале зошто е толку самоуверен, богатиот одговорил: НИШТО ДОБРО НЕ МУ ИМАМ НАПРАВЕНО. Е, драги Зоране, опкружен си со тешки, незаситни ѕверови и лакоми хиени. Тие ќе ти дојдат до глава и ќе потврдат дека си најлошиот, дека ти ги предводеше, како што ти е сега случајот со твојот генерален секретар, и ќе бидеш единствениот виновен кој ќе одговара за своите злодела. Знам дека не ме сметаш за пријател. И не ти сум. Само сум добронамерен. Ама ти советувам со време, Бегај. Не личи премиер да има покрај себе прв соработник човек-монструм кој верува дека македонскиот народ заслужува добар ќотек и бара постојано да е тепан. Срам да ви е и тебе и нему. Зарем малу е тепан македонскиот народ? Најкрволочно затоа што тепачите, крвопиците и коскокршачите беа поранешни и сегашни сопартици – комунисти. И затоа не ме чуди. Овој пат немој да се обидувате. Овој пат ќе бидете жртви на еден цивилизациски пристап кој ВМРО ДПМНЕ го применува кон тепачите на македонскиот народ. Ние, Вмровците никогаш не креваме рака на сопствениот народ, макар биле и ова што сте, ама не забораваме и ќе ве жигосаме за век и веков во колективната меморија на македонскиот народ и архивата на историското ВМРО и сегашното ВМРО ДПМНЕ.

За пример, нека ви послужи судбината на осумтемина лупувчиња кои силно го нападнаа и се обидоа да го оштетат мозокот на македонскиот народ, неговиот центар на духовниот отпор врз агресорите на македонската самобитност и непокорот, како и другите маскирани предавници во  вмровско руво, колку се сите тие презрени и фрлени на ѓубриштето на поновата македонска историја. Направете споредба на тие тешки бараби наградени со лагодност и комодитет и страдањата на останатите осудени патриоти, напатени души, овенчани со негнилежен венец и ореол на вечна слава.

На крај една животна поука: Кралот француски Луј со некоја бројка зад себе, одлучил да ја посети злогласната зандана Бастилја. Во разговор со затворениците сите до еден тврделе дека се невини, наместени или накодошени од некого. Само еден злосторник ги признал сите свои дела. Кралот наредил: “Пуштете го овој злосторник на слобода додека не ги расипе другите затвореници.“

Тебе, знам кој крал те ослободи. Еднаш, твојот пријател кого го изневери, другиот пат сам си се ослободи. Знам дека се замислуваш Луј и ослободуваш. Знам дека ослободуваш погрешни.

Но, и знам кој нема да те ослободи, кралевите на кои ништо лошо не им имаш направено, како од приказната за богатиот.