Вторник, 18 Јуни 2019    Печати
Вистината е немилосрдна, а на лагата и се кратки нозете

HristijanХристијан Мицкоски

Вистината е немилосрдна, а на лагата и се кратки нозете.

За жал, во СДСМ не ја научија лекцијата и продолжуваат да ги следат лагите на Зоран Заев, а какви се фактите? Фактите се катастрофални за граѓаните на Република Македонија.

Имено, во УЈП во периодот 01.01-31.05 успеало да собере околу 3 милијарди денари или нешто под 50 милиони евра помалку од тоа што било испланирано (-8,24%). Само во првите два месеци (април и мај) од вториот квартал УЈП собрало 1,5 милијарди денари или околу 25 милиони евра помалку од планираното.

Економијата не се движи во вистинската насока, напротив во многу погрешна. Имено, доколку ги споредиме април и мај 2019 со истите месеци во 2018 година тогаш можеме да заклучиме дека во месеците април и мај во 2019 УЈП успеало да собере за нешто помалку од 1 милијарда денари или околу 15 милиони евра помалку даноци споредено со истиот период 2018 година.

Од овој податок можат да се изведат најмалку два сериозни заклучоци, првиот е дека компаниите имаат помал волумен на економска активност оваа година споредено со минатата и дека резултатите за БДП во вториот квартал ќе бидат многу лоши (за ова ќе зборуваме повтортно во септември кога ќе излезат резултатите за вториот квартал од 2019 година кога ги очекувам истите вообразени и артефицијално насмеани лица на премиерот и неговиот заменик за економски прашања).

Имајќи во предвид дека со новата антибизнис даночна политика на оваа влада и зголемените даноци, ова се катастрофални резултати кои предупредуваат дека се движиме во многу погрешна насока. Кога предупредувавме дека нема простор за радост, туку напротив загриженост, кога оваа антибизнис влада вообразено се фалеше за рекордно високата просечна плата исплатена во декември 2018 и високото ниво на СДИ (Странски директни инвестиции) во 2018, предупредувавме дека тоа е моментален ефект кој е резултат на исплата на бонуси и реинвестирање на акомулираната добивка на СДИ поради новата даночна политика на оваа антиреформаска и антибизнис влада, не сакаа да послушаат. Ефектите веднаш дојдоа, и тоа: просечна нето исплатена плата во првиот квартал од 2019 е за 1351 денар или за нешто над 5% пониска од таа исплатена во декември 2018, СДИ во првиот квартал од 2019 се рекордно ниски, за околу 90% пониски од истиот период минатата година.

Ниското ниво на капиталните инвестиции, немањето на вистинска економска стратегија, неспособноста и вообразеноста на оваа антиреформска и антибизнис влада, немилосрдно ја води Република Македонија во подредена положба и во погрешна насока. Граѓаните не смеат да се казнуваат поради катастрофалните економски политики на оваа антиреформска и антибизнис влада.

На следините избори победува ВМРО-ДПМНЕ и новата прореформска влада го враќа рамниот данок , новите вистински реформи за бизнисот, ја враќа Република Македонија на вистинската патека.

#ОбноваНаМакедонија

Извештајот кој ја потврдува дупката во буџетот:

Фотографија на Hristijan Mickoski.