Недела, 16 Јуни 2019    Печати
ММДЧП ги повикува членките на НАТО да го одбијат ратификувањето на приемот на Македонија

mhrmi 2ММДЧП ги повикува членките на НАТО да го одбијат ратификувањето на приемот на Македонија под името „Северна Македонија“ - име кое и беше наметнато од страна на западните сили

НАТО тврди дека негова мисија е да ги „промовира демократските вредности и да им овозможи на членките да се консултираат и да соработуваат во својата одбрана и во прашања поврзани со безбедноста, да решаваат проблеми, градат доверба и долгорочно да спречуваат конфликти“.

А сепак, Генералниот Секретар на НАТО Јенс Столтенберг е озлогласен по изјавата дека за Македонија „не постои можност да се влезе во НАТО без промена на името“. По оваа изјава, низа претставници на земјите – членки на НАТО, како дел од нивната странска интервенција, ја посетија Македонија и го пренесоа истиот ултиматум.

Да тврдиш дека промовираш демократски вредности, а во исто време да приндуваш држава да си го смени името, идентитетот и историјата за да ги удоволи барањата на нејзините угнетувачи – сето тоа само за да влезе во воена алијанса – ете во што се претвори НАТО.

Грција најавуваше дека ќе го блокира приемот на Македонија во НАТО се додека земјата не си го смени името. НАТО, предводено од САД, на сила ја натера Република Македонија да си го смени името во „Северна Македонија“, а Македонците да го сменат својот идентитет во „северномакедонски“. Со ова моравме да ги задоволиме барањата на Грција, држава која признава дека сака да ја избрише Македонија од мапата. Грчката Влада јавно го славеше Преспанскиот договор, кој Западот и го наметна на Македонија и со кој се смени македонското име, а воедно на Македонците во Грција им ги негира основните права на свој личен идентитет. Членот 7(2) од договорот и го препушта името „Македонија“ на Грција. Членот 8(5), пак, наложува дека комисија составена од грчки дипломати можат ќе ја пишуваат македонската историја и македонските учебници.

Бруталната иронија тука е во тоа што Грција го забрануваше изразот „Македонија“ од 1913 година (по поделбата и анексијата на Македонија од страна на Србија, Грција, Бугарија и подоцна Албанија) и го негираше постоењето на Македонија се до 1988 година, кога настапи драматичен пресврт во нејзината политика и кога Грција отпочна кампања чија цел беше да го измами и да го убеди светот дека Македонија всушност е грчка. Земјите членки на НАТО веќе го знаат ова, но или не им е грижа, или им е страв да и се спротистават на Америка.

Ако НАТО беше навистина заинтересиран да ги „промовира демократските вредности“ или да „гради доверба“, тогаш веднаш ќе го отфрлеше принудното менување на името и идентитетот на Македонија и
Македонците. Ако беа заинтересирани Македонија да влезе во НАТО поради некој нивен алтруистички сон, тогаш ќе инсистираа тоа да се случи под името Македонија. Ќе се обидуваа да ги претстават предностите од членството во НАТО, наместо да шират лаги за нивната наводна одбрана на демократијата.

ММДЧП ја прашува Турција, дали би прифатиле грчки став дека „името Турција е грчко?“ и дали би помислиле да го смените своето име за да влезете во НАТО. Ја прашуваме Унгарија дали би и го препуштила своето име на Романија или обратно, само за да се „стане дел од еден клуб“. Ги прашуваме сите земји, дали би прифатиле менување на вашето име, идентитет и историја под закана

Оттаму, Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права ги повикува земјите членки на НАТО кои се уште не гласале за ратификување на приемот на Македонија да го сторат следното:

- да го отфрлат барањето за членство во НАТО под наметнатото, расистичко име „Северна Македонија“

- да бараат да се стави крај на принудното преименување и

- да почнат навистина да се залагаат за идеалите кои НАТО лажно тврди дека ги застапува