Петок, 26 Април 2019    PDF Печати Е-пошта
АРГУМЕНТИ ЗОШТО ТРЕБА ДА ГЛАСАТЕ ЗА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА, А НЕ ДА ГО БОЈКОТИРАТЕ ВТОРИОТ КРУГ

48394888 2120049924704510 3436603032328994816 nАРГУМЕНТИ ЗОШТО ТРЕБА ДА ГЛАСАТЕ ЗА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА , А НЕ ДА ГО БОЈКОТИРАТЕ ВТОРИОТ КРУГ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ НА 5ти МАЈ

Почитувани граѓани кои го бојкотиравте првиот круг на изборите, сметам дека треба да Ви се обратам Вас бидејќи Вие имате допринос што беше излезноста само 41% и убеден сум дека од Вас зависи дали Силјановска ќе биде новиот претседател и дали ќе има предвремени парламентарни избори на есен кога конечно ќе ја испратиме оваа криминална банда во историјата или ќе одлучите да го бојкотирате и вториот круг за да можат Заев и неговата криминална банда да владеат уште најмалку 2 години каде што ќе се обидат да ја зацврстат власта со сите можни средства.

Знам дека бројката за бојкот е голема но доколку гласате за Силјановска таа ќе биде новиот претседател и оваа криминална власт ќе биде на колена и ќе мора да си оди.
Вашиот бојкот ќе го донесе Стево за претседател а со тоа и ќе се легитимира проектот “ Северна “.

Реалноста е дека во овај момент де јуре, формално правно нашата држава е Република Северна Македонија, колку и јас и вие а и 75% од граѓаните на државата не се согласуваме со тоа име, но тоа е реалноста во овој момент, а Вие што планирате да бојкотирате и втор круг, ако мислите дека со бојкот на овие избори ќе го промените името, се лажете.

Нас противници ни се Заев и неговата влада кои го сменија името на сила и со трговија на пратеници, а Вие ако бојкотирате и не го дадете гласот за Силјановска ќе имате уште еден противник пред Вас а тоа ќе биде Стево Пендаровски.

Од Вас зависи дали ќе го имаме за противник Заев и неговата влада и нивната погубна политика или ќе се бориме против Заев како премиер и Стево како претседател, кој патем овој двоец ќе добие апсолутна моќ од државните институции, по која тешко ќе биде да се срушат од власт.

Побрзо ќе го поразиме Заев доколку е сам, а Вие доколку бојкотирате бидете убедени дека Стево Пендаровски ќе биде новиот претседател, а Заев ќе добие многу време за да ги консолидира своите редови во наредните 2 години.

СДС сега се во слободен пад после катастрофалниот резултат што го имаа на 21ви Април и поддршката за опозицијата (тука мислам на сите опозициони партии) ќе расте и тоа треба да се искористи во овие клучни моменти за пресврт на политичката ситуација во државата.

Нека не ве лажат дека Албанците ќе му ги дадат 100% гласовите на Стево во втор круг бидејќи тоа е лага, и Албанците се свесни и сакаат да го срушат Заев и неговите партнери во власта, бидејќи и Албанците сакаат промени, промени на подобро од овие две минати години во ужас и лаги кои им ги сервира Заев, бидејќи ни СДС, ни останатите коалициони партнери во владата не ги исполнија ветувањата кои им ги даваа на нашите сограѓани Албанци.

Ако ги бојкотирате претседателските избори на 5ти Мај поради името Северна тоа значи дека сите наредни избори ќе ги бојкотирате, бидејќи Заев и Стево ќе бидат на власт, а тие нема да се заложат да го послушаат гласот на народот за името, тоа бидете убедени.

Кога требаше бојкот за референдумот и јас повикав на бојкот и тогаш народот успеа во својата зацртана цел, но сега Ве повикувам да размислите дека со бојкот на овие избори само ќе ги зацврстите Заев и Стево на власт, а доколку гласате за Силјановска тоа е крајот за нив и нивните политички кариери и ќе биде почеток на нова епопеја на борба за подобра иднина, за чест, достоинство, правда за Македонија и за сите нејзини граѓани.

За крај да резимираме:

- Гласот за Силјановска е глас за борба, за чест, достоинство и правда за Македонија и нејзините граѓани.

- Бојкот и глас за Стево е глас за легитимирање на Северна и останување на Заев на власт, и нивно продолжување на газење на честа, достоинството и правдата на Македонија и нејзините граѓани.

Изборот е Ваш, се надевам дека ќе ја видете оваа историска шанса да ги испратиме транзициските политичари во историјата и дека ќе гласате за бројот 2 односно за Проф. Силјановска Давкова за да можеме да ја испратиме оваа криминална влада во историјата и на есен да дојде нова, чесна, достоинствена и праведна влада.

Влада составена и од десни и од леви партии кои и мислат добро на државата и на граѓаните, влада од чесни Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми и останати етнички заедници.

Републиката треба да ја издигнеме од калта во која ја закопа оваа криминална банда и ќе успееме во издигањето сите сплотени.

Промената започна на 21ви Април а на 5ти Мај треба да удриме печат на победата за подобра Република Македонија.

Да живее Република Македонија !!!

 

На прво место

News image

Заев се наоѓа на врвот од октоподот

Заев се наоѓа на врвот од октоподот

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.