Среда, 10 Април 2019    Печати
ПОВИК ДО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

javno-obvinitelstvo-i-finansiska-policijaПОВИК ДО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

Почитувани обвинителки и обвинители,

Во неколку наврати преку порталот mn.mk јавно ве повикав да реагирате на "допрен глас" (што не само што ме допре - туку ме потресе) од Викиликс дека, според декласифицирана службена депеша од Американската амбасада во Скопје до Стејтдепартментот, лицето Зоран Заев десетина дена пред терористичкиот напад во Кумановско насеље бил во Приштина каде со тамошниот премиер Рамуш Харадинај, наводно, го договорил тој кукавички настан во којшто беа убиени осум (8) македонски полицајци!?

Дами и господо обвинители, зарем не чуствувате потреба, но и одговорност службено да покренете истрага по допрен глас за да се утврди веродостојноста, а ако има основ и одговорноста за овој случај???

Ветив и нема да се откажам да ве потсетувам на овој злосторнички потфат се додека не реагирате (Се надевам не чекате нови избори, па за да го сторите тоа)???

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

http://mn.mk/komentari/16327-CRTICKI-I-OTVORNI-STRELICKI-III