Недела, 07 Април 2019    Печати
Граѓаните бараат решенија, а не ист актер со различна маска
На крстопат помеѓу развојот и безиленоста, да одбереме развој

Пишува: Светислав ВАСЕВ

На крстопат помеѓу развојот и безиленоста, да одбереме развој

Кампањата е во тек, граѓаните веќе имаат јасна претстава пред себе кој кандидат што нуди, каква е неговата замисла, како планира да ја придвижи земјата напред и извади од калта во која веќе две години заринкана.

Граѓаните бараат решенија, а не ист актер со различна маска. Народот сака крај на сапуницата кој две години секој ден ја гледаат, им здосади, нема расплет, нема нов почеток, секој ден е нов заплет, нова агонија, нови проблеми за секој, од пазарџиите кои ги оптоварија со давачки, преку бизнисмените и граѓаните кои на врат добија уште нови 80% покачување на даноците на добивка и личен доход, лекарите и образовните работници кои со веќе загубен авторитет се на најдолното скалило на општеството, понижените земјоделци, до пензионерите кои наместо покачување на своите пензии бележат намалување.

И така секој ден, нов ден, нов проблем. Секој станува и веќе по навика очекува што денеска власта ќе смисли за да му го направи животот потежок!?

Младите, оние кои можеби најмногу очекуваа нешто да се смени, гледаат дека работите не се мрдаат од мртва точка. Нема нови можности, нема алтернатива. Патот во нивните животи е еден, земаат диплома и правец странство. Но до кога вака? Каде вака? Секоја година само во Германија заминуваат околу 20.000 наши сограѓани воглавно млади луѓе. Секоја година еден град со големина на Кочани, Кичево, Кавадарци заминува од државата правец Германија.

И вакви примери од секојдневието можам да редам до утре, но каде е крајот!? Крај нема, мора ние да го ставиме! Кој друг ако не ние!? Кога ако не сега!? Сега е времето да им кажеме не на сивите политики на политичарот кој милува да се нареч зајченце сивичко, зошто сива ја направи иднината на државата.

Гласот за Стево Пендаровски е глас за Заев, човекот кој две години ја упропастува државата. Да избереме развој. Да и дадеме шанса на разумноста, одмереноста, сигурноста и искуството. Да и дадеме шанса на Гордана Сиљановска Давкова. Да и дадеме шанса на нашата иднина, пред истата да стане само сивило.

https://lider.com.mk/makedonija/na-krstopat-pomegju-razvojot-i-bezilenosta-da-odbereme-razvoj/