Сабота, 06 Април 2019    Печати
Мицкоски: Ќе има победа на Силјановска Давкова и пораз за Заевизмот

alt

Мицкоски: Ќе има победа на Силјановска Давкова и пораз за Заевизмот

Заев ќе ги изгуби изборите заради сите неправди кои ги нанесе на Македонија и на граѓаните на Република Македонија. Без разлика дали се Македонци, Албанци, Срби, Власи, Бошњаци, Турци и други, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Тера.

-Јас сум убеден дека Зоран Заев поради овие причини ќе ги изгуби изборите. Затоа веднаш велам ајде после овие претседателски избори да направиме Влада на национален спас. Македонија е повеќе и од мене и од него заедно. Таа Влада нека спроведе едни предвремени парламентарни избори на есен, па граѓаните да одлучуваат дали ќе го поддржат Заевизмот или завидлизмот. Односно, против она за кое ние се бориме и ќе нудиме реална стратегија и платформа или она кое е секојдневие и реалност во Македонија кое тој го нарече завидлизам, истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ако концептот кој тој го нуди биде поразен на избори, тогаш тој е подготвен да замине.

-Но, ако биде по петти пат, поразен концептот на Зоран Заев треба да замине на темната страна на политичката историја во Република Македонија, рече Мицкоски.

Тој е убеден во победата на Гордана Силјановска Давкова.

-Станува збор за една исклучително честита личност, врвен интелектуалец, со меѓународно педигре. Личност која што е педагог, која што има изучено генерации и генерации студенти на Правен факултет, во неколку наврати е прогласена за најинспиративен професор од страна на студентите. Личност која што е достоинствена, личност која што е принципиелна и знам дека е личност која може да додаде исклучително голема вредност во заштита на Уставот и законите и да ја донесе навистина правдата за Македонија онолку колку што тоа место на нејзе ќе и дозволува, посочи Мицкоски во интервјуто за ТВ Тера.

Тој истакна дека поддршката постојано се зголемува бидејќи на граѓаните им треба некој да им ја донесе зората, а не црнилото кое е секојдневие.

Порача дека граѓаните ќе донесат пораз за Заевизмот и победа на Силјановска Давкова.