|
||
| Иднината на Македонија не зависи од ЕУ и НАТО |
... туку од македонското единство за одбрана на државното име и националниот идентитет! Да беше Македонија правна држава, Глигоров и Црвенковски немаше да бидат нејзини претседатели туку доживотни станари на Идризово, затоа што спротивно на референдумот од 8 септември 1991 година и Уставот, се согласија на членството на Македонија во Обединетите Нации и други меѓународни организации под фашистичката референца „Поранешна Југословенска Република“. Дестабилизацијата на земјата, не е прифатлив рецепт за смена на власта, заради промена на државното име Македонија, затоа што ако владата не сака решение за името, кое решение го предлага опозицијата, бидејќи не го понудија ни кога беа на власт?! Светскиот Македонски Конгрес ги повикува власта и опозицијата на обединување за одбрана на државното име Македонија, а не на единство за негова промена! Името на македонскиот народ е нераскинливо поврзано со државното име Македонија и секоја негова промена - придавка и додавка - значи трајна промена на името на македонскиот народ и јазик! Единствениот компромис за името во односите со Атина го утврди првиот повеќепартиски парламент: на државното име Македонија ја придодаде уставната референца „Република“ како јасна разлика од истоимената северна грчка провинција, која Грција за првпат во својата историја ја окупира во Балканските војни 1912-1913 година вршејќи геноцид врз македонскиот народ кој континуирано трае до денес. И Владата и парламентарната опозиција мора да знаат дека секој разговор и договор за промена на државното име Македонија претставува велепредавство, капитулација, злосторство против човештвото и геноцид врз македонскиот народ. Кога и да е, пред судот на правдата и историјата ќе одговараат, ако народот предвреме не им пресуди, затоа што заслепени од сласта за власт и страста за пари, смртната пресуда самите ќе си ја потпишат! Конечно, не постои заемно македонско-грчко прифатливо решение за државното име Македонија и затоас Светскиот Македонски Конгрес апелира Владата итно и безусловно да ги прекине бесмислените разговори за промена на државното име Македонија! Евро-атлантските интеграции на Македонија се можни само под името Македонија и Македонци со македонски јазик, без нивна латинична транскрипција! Секоја друга варијанта е неприфатлива и народот на референдум ќе ја отфрли! А, Атина, кога и да е, мора да ја признае Македонија ако сака Грција да остане цела, затоа што ќе ја снема! (СМК) |