На прво место

За бојкот на референдумот од мене и моето семејство подарувам 100 000 долари

aaa

aaa

Сега во Македонија се потребни пари за кампања за бојкот на референдумот, затоа од мене и моето семејство подарувам 100 000 долари -рече г-ин Ивановски.

Најголемиот македонски дарител од Канада и секретар на СМК Канада познатиот бизнисмен г-ин Крсте Ивановски во својот емотивен говор до Македонците во Торонто истакна:

– Само во Република Македонија зборот Македонија ќе биде забранет, на своите деца и внуци да не смееш да им кажеш од таа историја и името Македонија да го споменеш.Тоа е почеток на крајот на македонската држава и нација. Кој му дава право на некој да одлучи да ја смени целата македонска вековна историја, кој му дава право да го избрише еден од нјстарите народи во светот, замислете ќе биде избришан за да бидат задоволени интересите на државите кои што сакаат тотално поништување на Македонија и Македонскиот народ, рече господин Ивановски и додаде: Ја слушаме сегашната Влада како се обидува да го убеди македонскиот народ дека мед и млеко ќе течело само да помине овој договор.

Европската унија да одлучи да се прошири за десет години Мaкедонија пак нема да биде дел од неа.

Зборот Македонија се форсира во кампањата а после тие истите ќе те казнат за негова употреба.

Господин Крсте Ивановски потоа јавно се запраша: На кого да му верува овој македонски народ, на премиерот што беше осуден на затворска казна па амнестиран од претседателот што е дел од неговата партија, или на премиерот што се гледа на снимка како бара мито?

Или на премиерот што пред изборите не се сретна со ниту една македонска организација во дијаспората?

На тој што рече дека доколку изгуби на изборите ќе си даде оставка?

На тој што рече дека Св. Кирил и Методиј се дел од заедничката историја се Бугарија?

На тој што на секое надворешно интервју му е срам да го спомне зборот Македонија?

На тој што секо збор му е лага?

Или на тој што се колнеше во своите деца дека нема да го смени името, нему ли да му верува македонскиот народ, тој ли ќе ја носи Македонија напред?

Како Македонци сите сме за бојкот. Дел од нашата одговорност овие денови е да им се јавуваме на нашите роднини и да им кажуваме за штетноста од договорот со Грција.

Сега во Македонија се потребни пари за кампања за бојкот на референдумот, затоа од мене и моето семејство подарувам 100 000 долари -рече г-ин Ивановски. Кој беше поздравен со овации и аплаузи за поддршка од страна на присутните на семакеоднскиот донаторски коктел.

Фотографии од Семакедонски Донаторски Коктел За Бојкот На Референдумот.

https://www.facebook.com/MakedonskaNacijaCanada/media_set?set=a.10215677247418942&type=3

Најново од: На прво место

Кога арамијата бега и вика: „Држете го арамијата!“

Секоја власт мора да биде контролирана. Но заминувањето во опозиција не ја брише одговорноста за годините поминати на власт. Пред да делат обвиненија, од СДС треба да одговорат за аферите, неисполнетите ветувања, платените пенали и проектите што со години остануваа недовршени. Народот одамна ја препознал тактиката: крадецот бега, а истовремено вика „Држете го крадецот!“ Се […]

Мицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС

Од завршниот митинг во Брвеница, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ повика на поддршка за Стојанчо Радичевски, порача дека политичарите треба да се оценуваат според делата и најави соработка меѓу Владата и општината за решавање на потребите на граѓаните. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, на завршниот митинг во општина Брвеница во рамките на предвремените локални избори, […]

Нов резервоар во Ростуше, обновени улици и реконструкција на спортската сала „Македонија“

Инфраструктурни вложувања, финансиска поддршка за семејствата и младите, подобри услови во училиштата и развој на туризмот се приоритетите што ги претстави градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, во отчетот за досегашната работа. Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, на прес-конференција ги презентираше реализираните проекти, активностите што се во тек и плановите […]

Како е можно невролог да препорачува хируршка интервенција во Бугарија?

ВМРО-ДПМНЕ: Барбов, Филипче и Заев да одговорат за препораката за лекување на Ива Михаилова во Бугарија ВМРО-ДПМНЕ во соопштение упатува прашања до доктор Иван Барбов, Венко Филипче и Зоран Заев за постапувањето во случајот со Ива Михаилова и за основата врз која била дадена препораката за нејзино лекување во Бугарија. Од партијата обвинуваат дека, обидувајќи […]

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

To top