|
||||
| Груевски секојдневно помеѓу своите - посета на Пелагониските општини |
|
Премиерот Никола Груевски е секогаш со своите граѓани, присутен и достапен до секој поединец. При посетата на Пелагониските општини Премиерот посети земјоделци од Општина Новаци со кои разговараше за субвенциите и за парите од ИПА-фондовите. Пред жителите на Могила на проблемите на млекарите премиерот се осврна подоцна, изјавувајќи дека млекарницата не пропаднала поради вина на државата и дека фармерите ќе бидат обештетени од стечајната постапка. - Млекарницата, поради сопствени внатрешни дубиози пропадна без никаква вина на Владата и донесе во непријатна ситуација поголема група млекари на кои им должи пари. Неа сега ја презема Судот, почна стечајна постапка и тој е сега одговорен за таа законска процедура. Јас се надевам дека таа процедура што поскоро ќе се заврши и се надевам дека во една таква процедура и мелкарите ќе го добијат долгот за она што го побаруваат - изјави Груевски. Премиерот пушти во употреба регионален водовод меѓу општините Новаци и Могила, го означи почетокот на реконструкцијата на патот за Рибарци, ја пушти спортската сала во економското училиште во Битола и бесплатниот интернет во студентскиот дом. Премиерот се сретна и со група жени од Мала Преспа кои беа поканети на Осмо Мартовска прослава во село Новаци и упати поздрав и поддршка до Македонците во Албанија. Груевски е еден од најактивните и најпродуктивните Македонски политичари воопшто, пред кој се наоѓаат огромни задачи и предизвици. Немоќта на народот да обезбеди основна егзистенција, постојано го става на таргетираниот зид, иако сите се свесни дека проблемите создавани во текот на изминатите години не се решаваат преку ноќ. Македонската држава која имаше удобен живот на сметка на кредити од странските држави мора да ја опорави својата економија со труд, со експертско раборење, со многу вложувања, и она што е пустошено долг временски период , треба како процес на развој да се спроведува. |

































