|
||||
| Откриени монети од времето на Александар Македонски |
![]() Повеќе од 250 сребрени монети кои датираат од времето на Александар Македонски ископани се во северна Сирија, потврди Јусеф Канјо кој води археолошки ископувања во античкиот град Алеп. Тој изјави дека парите датираат меѓу 4 и 1 век пред новата ера. Канјо додаде дека имало два вида пари: 137 „тетра“ драхми (четири драхми) и 155 поединечни драхми. Едната страна на кованите монети го прикажува Александар додека од другата е богот Зевс како седи на престолот со орел во испружена рака. Некои од моентите имаат натпис на Александар, а некои на Филип, што најверојатно се однесува на неговиот татко. |





















