|
||||
| Името една од темите на средбата Обама - Папандреу |
![]() Прашањето за името ќе биде една од темите на денешната средба на американскиот претседател Барак Обама со грчкиот премиер Јоргос Папандреу во Вашингтон. Грчките медиуми најавуваат дека покрај за името, Обама и Папандреу ќе разговараат и за економската криза во Грција, кипарскиот проблем за грчко-турските односи. За овие теми станало збор и на синоќешната средба на грчкиот премиер со државниот секретар на САД Хилари Клинтон. На заедничката прес-конференција по средбата, тие потврдија дека размениле мислења за состојбата во Југоисточна Европа и за евро и евроатлантската перспектива на земјите од Западен Балкан, но не прецизираа дали и што разговарале за спорот за името. |





















