Недела, 07 Март 2010    PDF Печати Е-пошта
Македонците бараат поголемо присуство на раководните места во Тетово
Сегашната локална власт во Тетово – градоначалникот Сади Беџети и Советот на општината - наближуваат кон првата годишнина од своето функционирање и конституирање. Какво е меѓуетничкото пулсирање во Тетово?

tetovo_by_sveto_toevskiКолку градоначалникот на Тетово Сади Беџети ја реализира својата концепција, која ја промовираше на градскиот плоштад во Тетово уште истиот ден кога завршија ланските локални избори, обраќајќи им се на граѓаните, покрај на својот мајчин албански, уште и на македонски, турски и ромски јазик, со ветување дека ќе им биде партнер на сите граѓани, а на ниту една партија?

Советникот во општинскиот Совет Зоран Митревски оценува: „За една година мултиетничката концепција на градоначалникот се спроведува доследно. Се надевам дека тој тренд ќе продолжи и во иднина - зборувам во однос на вработените во јавните претпријатија, за вработувањата во општинската администрација. Имам забелешки можеби само во делот на раководители на сектори, кадешто мислам дека треба да има поголема застапеност и на другите етникуми.“

Советникот Драган Давидовски дополнува: „Тетово како да е настрана од овие збиднувања во последно време на рамниште на Македонија, поточно во нејзиниот главен град - Скопје. Во моментов, Тетово плови во мирни политички води. Сега - засега е така, а како ќе биде натаму, дали ќе ескалираат меѓуетничките односи и во Тетово - не знаеме.“

„Зошто да креваме за ништо меѓуетнички тензии?“

Претседавачот на Советот Ирфан Емини прави вакви споредби: „Ситуацијата во Тетово била отсекогаш на повисоко рамниште, отколку на она централното, на рамниште на државата. На повисоко ниво е затоа што ние сме биле отсекогаш потолерантни едни кон други, ние, како етникуми, сме се разбирале едни со други овде во Тетово. Така и ќе продолжиме – да не креваме тензии за ништо, ние треба да живееме едни со други .“

Градоначалникот Сади Беџети истакнува: „Како градоначалник на Тетово јас сум можеби единствениот кој е избран од сите етникуми кои живеат овде, почнувајќи од Албанците, Македонците, Ромите, Србите и Турците. Тоа е голема обврска – меѓунационалните односо во нашиот град да бидат добри.“

„Во Советот на општината судир на партиски програми, а не на етнички концепции“

Што велат советниците за функционирањето на Советот, во кој од 31 членови 22 се Албанци, а 9 Македонци: дали тој ги нарушува или ги гради меѓуетничките односи во градот и во целата општина?

Зоран Митревски го има следниот став: „Сме имале координации и во претходниот состав на советници, за да не дојде до некои проблеми во Советот, кои би се одразиле врз целата општина. Во изминатиот мандатен период имаше промена на имиња на улици, каде што ’Бадинтеровиот принцип’ се почитуваше доследно и се спроведуваше

’Бадентер’ ќе функционира секако и во оваа ситуација и нема да има надгласувања на малцинските етнички заедници.“

Драган Давидовски посочува: „Честопати на седниците на Советот имаше судир на партиски програми, но не класично судир меѓу етнички програми, значи, немаше судир во просторот на меѓуетничките односи.“

Во Тетово живеат околу 80 отсто Албанци, а 20 отсто од населението отпаѓаат на Македонците, Турците, Ромите и другите етникуми. Незир Хусеини, раководителот на ромската невладина организација „Сонце“, истакнува: „Градоначалникот Беџети ни‘ додели 1500 евра за згрижување на 18 ромски деца од предучилишна возраст оваа година во детските градинки во градот. Во образованието добивме помош од општината и сите средни училишта: успеавме да запишеме наши ромски ученици во средното медицинско училиште и во гимназијата, каде што се бараше одличен успех, но Ромите имаа оценки претежно тројки, или четворки. Успеавме да ги запишеме таму.“

„Градоначалникот - партнер со сите граѓани и етникуми, но не и со партиите“

Градоначалникот Беџети е категоричен: „Реализираме комунални и други проекти за сите граѓани“. Тој додава: „Ги посетивме секоја населба, секое село: таму не живеат само Албанци, туку и други етникуми. Со сите тие луѓе ние имаме партнерство – ние, како раководство на градот и општината, и јас како градоначалник. Покажавме дека не водиме еднонационална, туку мултиетничка политика, политика на комуникација со сите граѓани.“

Сепак, на тетовската локална власт и‘ претстои допрва сериозна работа во една чувствителна област - за пропорционална и правична застапеност на сите етникуми. Во ваков контекс,т во последно време поинтензивно ги истакнуваат ваквите свои барања и претставниците на турската етничка заедница во Тетово, кои немаат советник во комуналниот Совет од своите редови, исто како и Ромите.

Свето Тоевски
 

На прво место

News image

НАТО да ја прифатат Македонија како членка на Алијансата

Македонија од аспект на придонесот што го дава во НАТО е веќе де факто членка на Алијансата. Дојде в...

Историја

News image

Историски корени на одбраната

Во ретроспективниот поглед низ периодот на поновата македонска историја, од аспект на воено-одбранбе...

Иселеници

News image

Организацијата „Обединети Македонци“ во Канада ја организираше 40. „Гоцева вечер“

Македонската заедница во Канада вчера се собра во црквата ...

Култура и туризам

News image

Втората светска војна и обновувањето на Охридската архиепископија

Познато е дека Македонија зеде активно учество во Втората светска војна, со цел да се ослободи од ф...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (16)

И нивното комплетно учење не е лесно да се согледа. Покрај она што го наведуваме ка...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.