Среда, 14 Март 2018    PDF Печати Е-пошта
САД да се откажат од антимакедонските преговори за името

rally

ММДЧП се сретна со член на Македонската група во американскиот конгрес – Побара од САД да се откажат од антимакедонските преговори за името

(Мерилвил, Индијана – 14 март, 2018) – Сузи Талевски, член на Македонското меѓународно движење за човекови права, се сретна со конгресменот Питер Висклоски, член на Македонската група во американскиот конгрес, на разговори за кризата околу името на Македонија и за бесрамниот напад врз правото на Македонците за самоопределување.

Сузи Талевски се заблагодари на г-динот Висклоски, член на Македонската група во американскиот конгрес за неговата поддршка на Македонија, но истовремено и напомена дека, всушност, со барањето Македонија да го смени своето име, надворешната политика на САД ја поткопа независноста на Македонија и најосновните човекови права. Заради ваквата неодговорна и расистичка американска политика, Македонија е изложена на силен притисок да ги смени името на својот јазик и историјата, како и етничкото потекло и идентитетот на Македонците. Ваквите барања значат очигледно прекршување на Универзалната декларација на ОН за човекови права. На сите меѓународни конвенции за аштита на човековите права и владеењето на правото и демократијата, вредности за кои што САД тврдат дека ги поддржуваат.

Понатаму, крајно неодговорно е за Македонската група (видете го нивното писмо до Државниот секретар) тоа што ги отфрлува критиките за американската политика на надворешен интервенционизам, тврдејќи дека „руското мешање“ создава нестабилност на Балканот. Во 2017 година, неколку конгресмени иницираа конгресна истрага за интервенциите на американскиот Стејт департмент и амбасадата на САД во Македонија, во неодамнешните парламентарни избори во Македонија. За истата работа судска постапка започна и Judicial Watch. Сузи Талевски побара итно решавање на истрагата во Конгресот и транспарентно објавување на резултатите од таа истрага.

Освен тоа, Талевски истакна и дека е доволно да се погледнат јавно дадените изјави на официјални лица од САД – барањата до Македонија да го смени своето име за да ги задоволи угнетувачите – па да добиеме јасна слика за американската надворешна политика којашто го поткопува егзистенцијата на една цела држава и етничка група. Таа побара од САД веднаш да ја преиспита својата политика кон Македонија, давајќи целосна поддршка за името на Македонија со тоа што ќе ги осудат антимакедонските преговори за името, како што впрочем бара и кампањата „Нашето име е Македонија“ САД имаат моќ да го прекинат овој бесмислен спор и тие тоа мора да го направат веднаш!

 

На прво место

News image

Спогодба за уништување на македонската нација

АВСТРАЛИСКО МАКЕДОНСКИ ТЕАТАР ОД СИДНЕЈ-AUSTRALIAN MACEDONIAN THEATRE OF SYDNEY Спогодба за уништу...

Историја

News image

Маkедонiя и младотурkи - Aлеkсандръ Амфитеатровъ (1912)

              Рускиот патеписец Aлександар Амфитеатров во 1912 г., говорејќи за битк...

Иселеници

News image

Д-р Игор Јанев – бранител на името на Македонија

Меѓу големиот број Македонци со различно образование, зани...

Култура и туризам

News image

Дела на Славе Катин посветени на црковното и духовно-националното живеење

Славе Катин припаќа на Преспа, на Македонците во дијаспората, на етничка Македонија и на Македонскат...

Фељтон

News image

Александар Македонски (41)

Во текот на битките во Источен Иран, картата покажа дека погрешно беа претставени не...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.