Среда, 27 Јануари 2010    PDF Печати Е-пошта
Европскиот циркус
Преземено од Хроника на Америка

Европскиот циркусДискусиjaта во врска со пристапувањето на Македонија во Европската унија беше одложена до јуни 2010 година. Двете земји го одложија овој процес, прво се разбира да се прифатат барањата на Грција, која не може да прифати да биде Македонија членка на ЕУ. Ниту може да го прифати името Македонија нити идентитетот или Македонскиот јазик. Со други зборови, се што има некаква конотација со Македонија или Македонски е неприфатливо за Грција. Друга земја која се противи на Македонија со давање на поддршка на Грција во овој напор е Франција. Зошто Франција го прави ова? Можеби затоа што Грција ги има потпишано договорите за купување на воени резерви од Франција или можеби затоа што, слично на Грција, Франција не ги признава малцинствата на својата сопствена територија. Што е со малцинствата како Алзасшаните, Баскиците, Бретонците, Каталонците, Корзијците и Окитаните кои денес постојат во Франција? За жал сите овие национални малцинства, како и на јазиците на кои што зборуваат, не се официјално признати од страна на Франција. Франција, како и Грција, има „специјализирано" за потпишување на документи, но не и резолуции и ратификации за заштита на малцинствата и нивните јазици. Ако постои какво било сомневање за постоење на малцински јазици во Франција, дозволете ми да ве потсетам дека сите манифести напишани непосредно пред и по големата Француска револуција од 1789-1799 беа напишани на овие таканаречени локални јазици. По револуцијата високите државни органи ја повлекоа секоја друга јазичност и плурализмот и воведоа еден јазик кој е задолжителен и тоа е француски . Методите кои се користат да се обесхрабри употреба на локални јазици се слични на методите кои биле користени од страна на Грција против Македонците.

Во прилог на ваквите ставови и одлуки се вклучуваат голем број на платени луѓе, од страна на грчките власти, кои се вработени да вршат тактички терор, тепање во затвор и протерување за да се спречи Македонците да зборуваат на својот мајчин јазик па макар и на својата мајчина Македонска територија.

Ова е причината, зошто овие две таканаречени демократски земји сојузнички самите го блокираа пристапувањето на Македонија во Европската унија. Еве и парадокс; иако други земји се подготвени да ја прифатат Македонија во унијата, тие не можат да влијаат на ЕУ и сегашниот закон- кој од друга страна не овозможува на секој поединечен член- земја да стави вето и да ги блокира останатите 26. Ова покажува колку кревки и ненормални се правилата на основањето на оваа унија. Може ли ова да се нарече демократија? Не, дефинитивно не! Ова е диктаторство од една, или во овој случај, на двете држави, кои диктираат. Исто така еве уште една логика. Во оваа ситуација не можеме да кажеме дека сите земји се третираат подеднакво. Ова не е ништо повеќе од еден европски циркус. Европската унија, која не се двоуми да биде ментор и другите да учат за демократија и човековите права од неа како „лулка на демократијата“, како пример за демократија се земаат двете наведени земји, кои пак не превземаат ништо за заштита на човековите права и демократијата и што е уште полошо, тие дури можат и да казнуваат и за тоа да не одговараат. Нови држави со аспирации за приклучување кон Европската унија кои ги имаат исполнети сите барања не можат да станат членки, бидејќи од нив се бара исполнување на некои услови, кои се ирационални и нерални. А оние земји кои ги поставуваат тие услови се старите членки на Европската унија, Франција и Грција. Држави кои го имаат прекршено секое право на малцинствата и речиси сите закони со кои што тие треба да се заштитат. Во овие држави малцинствата се третираат како од поговорката со светите крави.

Иако Македонија е единствената поранешна југословенска земја на Балканот, која уште од 1991 година ги имаше исплнето поголемиот дел од европски стандарди, сеуште не и е дозволено влегување во ЕУ. Македонија и сега во споредба со другите земји на Западен Балкан е понапред во реформите. И покрај тоа оваа земја, се обидува да добие влез во ЕУ, но нејзините Евроинтеграции се попречени од страна на Грција, а сите грчки опструкции беа прифатени од страна на ЕУ без никаков приговор.

Ова е единствен ваков случај кој сме го виделе или слушнале за ситуација кога параноична земја како Грција, сака насилно да наметне име на една нормална земја како Македонија? Како е можно на најголемиот дел на демократските европски земји, за тоа дали да ја прифатат Македонија во нивниот сојуз, да им диктира една мала, економски и морално банкротирана држава како Грција? Земјата која по незаконското одземање на македонските територии во 1913 година има издадено голем број на расистички закони против сопствените граѓани. Тоа е и земјата која по Граѓанската војна во 1949 година прогони голем број на Грци и Македонците и во 1982 и 1985 им дозволи само на Грци по раѓање да се вратат во сопствената земја. Колку долго ЕУ ќе и дозволува на Грција, која не го признава 250 000-дитото силно македонско малцинство што живее на нејзина територија, малцинство веќе признаено од страна на меѓународни организации, да ги крши европските и меѓународните закони? Кога овие политичари ќе отидат во Северна Грција за да се уверат видат и слушнат за Македонците кои живеат таму?

Кога ќе се носат одлуки од страна на ЕУ кој е дестбилизирачки фактор на Балканот се разбера дека тоа не треба да биде Македонија, него Грција, тоа не е Македонскиот, него Грчкиот национализам и на Грчката православна црква. Друг податок е идиотско сеење на омраза и национализам од страна на Грција, каде велат дека имаат 4000 години културен континуитет и се етнички чисти, приказни кои не се ништо повеќе од мит. Грчката нација е вештачка творба, измислена во XIX век од страна на Филхелениците- англиски и германски симпатизери на класичната Грција. Грчкиот јазик исто така е вештачка творба, која преживеаја само затоа што тоа бил јазик на источно христијанство, а не јазик зборуван од страна на грчкиот народ. Во XIX век албанскиот јазик бил јазик што го зборувале во малото село Атина- мало Отоманско село, албанскиот јазик уште наречен Arnautian или Arvanitika. Грчкиот јазик беше оживеан со академици и негово предавање во училиштата. На тој начин стана официјален јазик на грчката држава. Овие факти не се предаваат во училиштата. Таканаречените грчки студии им понудија на своите ученици промоција на измислен континуитет и измислен јазик. Доволно е да се читаат мемоарите од 19 век, на некои научници и туристи кои не биле во состојба да комуницираат со народот на Грција на грчки јазик. Македонија беше присвоена од Грција во 1913, против волјата на македонскиот народ, кој живеел на овие територии од памтивек.

Турција постојано беше обвинувана од страна на ЕУ за не почитување на правата на малцинствата, особено оние на курдскиот народ. Зошто никој во ЕУ не ја обвини Грција дека го прави истото во однос на Турското и Македонското малцинство што живее таму? Зошто европските организации немаат критики насочени кон Грција? Зошто оваа анти-турска опсесија, се оправдува, бидејќи расизмот е присутен во ЕУ и никој во Брисел не се прашува за тоа? Постојат повеќе слободи на малцинствата во Турција отколку во Грција. Тоа е резултат на самата природа на Турција која беше една империја и се состоеше од многу народи и религии. Додека Турција ги остави непроменети сите христијански цркви на нејзината територија, Грција од друга страна по 1915 ги уништи сите турски минариња на грчка територија.

Дали Турците од Тракија имаат загарантирани права како малцинство? Не, тие, како и Македонците ги немаат правата на малцинствата и се дискриминирани во Грција. Но, гледате ли некој да пишува за ова, особено во Европа? Не, воопшто не! И зошто Турција е претставена во таква лоша светлина, а не Грција? Грците кои живеат во Истанбул уживаат полна религиозна слобода, но не и Турците кои живеат во Тракија. Овие луѓе се нарекуваат муслимани, бидејќи Грција забранува да ги нарекуваат Турци. Ова покажува многу за тоа како функционира ЕУ и колку земјата членка Грција ги почитува правата на своите граѓани кои не можат да се нарекуваат како малцинството на кое му припаѓаат, но треба да се нарекуваат како ќе ги нарече владата! Ако сакаме да зборуваме искрено, Турција, а не Грција, е стабилизирачки фактор на Балканот, иако со мал дел Турција е на Балканот.

Се чини дека нема политичка коректност преземена кај европски политичари и тие се далеку од здрав разум. Тие бараат правила кај едните, а потоа ги одрекуваат и отстапуваат кај другите земји. ЕУ презема догматски приод, да работи и да диктира наместо да користи логика и расудување. Во теоријата на ЕУ има здрава идеја, но таа не го практикува она што го проповеда. Наместо да биде обединување регулирано од страна на граѓаните, ЕУ е унија предводена од безгрижни бирократи. Прифаќањето на земји како Франција и Грција, кои содржат сериозни повреди на човековите права и наметнување на услови кон земји како Македонија ќе предизвика ЕУ порано или подоцна, да го добие шамарот кој го заслужува. Тоа не е заедница на рамноправни народи. Се чини дека некои се повеќе еднакви од другите во ЕУ.

Ireneusz A. Slupkov
 

На прво место

News image

НАТО да ја прифатат Македонија како членка на Алијансата

Македонија од аспект на придонесот што го дава во НАТО е веќе де факто членка на Алијансата. Дојде в...

Историја

News image

Историски корени на одбраната

Во ретроспективниот поглед низ периодот на поновата македонска историја, од аспект на воено-одбранбе...

Иселеници

News image

Организацијата „Обединети Македонци“ во Канада ја организираше 40. „Гоцева вечер“

Македонската заедница во Канада вчера се собра во црквата ...

Култура и туризам

News image

Втората светска војна и обновувањето на Охридската архиепископија

Познато е дека Македонија зеде активно учество во Втората светска војна, со цел да се ослободи од ф...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (16)

И нивното комплетно учење не е лесно да се согледа. Покрај она што го наведуваме ка...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.