Среда, 20 Јануари 2010    PDF Печати Е-пошта
Македонија ... Macedonia ... Етимологија на името Македонија...
Мапа на Македонија
Името Македонци беше најпрвин народно, а потоа стана историографски поим „Македонија”.

Ова е историско - лингвистички преглед на етимологијата на името Македонија и првите спомнувања на името Македонија во историските извори. ...

• Досега најстариот податок за прото Македонците – племиња од бронзениот период кои го населувале просторот на Македонија – се наоѓа кај Хеланик од Лезбос (V век пред Ис.Хр). Тој запишал дека Македонците живееле меѓу (со) Мизите. Овој податок се однесува на прото-македонските племиња кои живееле во периодот меѓу првата и втората индоевропска миграција, т.е. во временската рамка меѓу III и крајот на II милениум пред Ис.Хр.

• Најстарите, сигурни, досега познати, пишани податоци за Македонија се наоѓаат во хомеровата Илијада, дело кое се однесува на настани датирани негде во XII – XI век пред Ис.Хр. Во Илијадата, меѓу сојузниците на Троја, се спомнати Пајонците кои со најновите научни сознанија е потврдено дека најверојатно биле со македонско етничко потекло; во Илијадата се спомнати пајонскиот град Амидон кој се наоѓал на устието на р.Аксиос (денешен Вардар), како и македонските области Пиерија и Ематија. Во Илијадата е забележано и името на родоначалникот на македонското племе Пелагонци, митскиот Пелагон.

• Досега најстарото запишано име кое се однесува на Македонија, а е користено од страна на грчките морепловци, е Ематија. Поконкретни податоци за името Ематија има кај Страбон (64/63 пр. Ис.Хр. – 23 г.н.е.), Плиниј Постариот (23 – 79 г.н.е.) и Стефан од Бизант (VI в.н.е.) кои запишале дека тоа е првобитното име на Македонија. Од друга страна античкиот географ Птолемај (127 – 145 г.н.е.) соопштува дека Ематија се нарекувала областа каде што се наоѓала првата македонска престолнина Ајга. ...

• Лингвистите, името Ематија го изведуваат од грчкиот збор amathos што значи песочен, песочно. Оваа препоставка дополнително добива на тежина ако се има предвид кажувањето на античкиот географ Птолемај кој соопштува дека со ова име се означувал источниот крајбрежен дел од античка Македонија кој бил песоклив.

• Почнувајќи од VIII – VII век пред Ис.Хр. името Ематија е потиснато од името Македонија. Ова најверојатно се должи на фактот што првата македонска кралска династија Аргеади потекнувала од областа Орестида (Костурско) чие постаро име било Макета. Со текот на времето името Македонија добива не само географско туку и политичко значење. Тоа не е само географски поим туку и име на македонската држава и етносот кој ја населува Македонија, а кој по потекло е сосема различен од било кој друг етнос на Балканот во тој период.

• Прашањето за потеклото на името Македонија предизвикувало контраверзи уште во антиката. Има, главно, три генеалогии кои го објаснуваат потеклото на името Mакедонија. Првата генеалогија за името Македонија е запишана од Хесикиј од Александрија (V в.н.е.), а сочувана кај Константин VII Порфирогенит (913 – 959) каде се вели дека името Македонија доаѓа од митскиот јунак Македон кој бил син на Ѕевс и Тија.

• Во врска со оваа генеалогија сочувани се три критички забелешки (коментари или схолии) кои се однесуваат на дополнување на истата. Според првата забелешка (схола) Македон е син на Дион и Аитхија, според втората на Диос и Аитхија, а, пак, според третата тој бил син на тој бил син на Диос и Аитхрија. Очигледно е дека зад Дион/Диос се крие врховното божество кај античките Македонци, а Аитхија е всушност македонската Атена посведочена на монетите со штит во левата и молња во десната рака.

• Втората генеалогија за името Македонија е забележана кај Аполодор Атински (II век пред Ис. Хр.) според кого Македон е син на Ликаон кој имал дури 50 синови.

• Третата генеалогија за името Македонија е забележана од Диодор Сицилиски (I век пред Ис.Хр.). Според оваа генеалогија, Македон бил син на египетскиот бог Озирис.

• Освен овие три, во различни периоди од антиката, постоеле и други помалку популарни генеалогии преку кои се објаснувало потеклото на името Македонија. Па така според генеалогијата на Еврипид старата форма на името Македонија е Макета, име кое Еврипид го поврзал со едно од имињата на бахамтките – свештеничките на богот Дионис – кои во Македонија се нарекувале Клодонес, Мимонес и Макетаи.

• Што се однесува до современата наука постојат неколку тези за етимологијата на името Македонија. Според првата, името доаѓа од придавката македнос која се среќава само кај Хомер и која значи висок. Во конкретниот случај македнос би требало да означува ,,високи луѓе”, ,,планинци”, ,,горштаци”. Оваа етимологија е поврзана со денес веќе надминатата теза дека античките Македонци дошле од високи места т.е. од Горна во Долна Македонија.

• Своја теза за името Македонија и етниконот Македонци дава М.Будимир кој смета дека се работи за грчки превод на нивното изворно име Кауконци.

• Наспроти овие толкувања, најновите истражувања со голема веројатност упатуваат на тезата дека името Македонија најверојатно има бригиско потекло со значење – земја. Имено, Бригите биле најстариот етнички супстракт кој учествувал во етногенезата на античкиот македонски народ и оттука мошне е веројатно дека и името Македонија е од бригиско потекло. Оттука можеби произлегува и поврзаноста меѓу името Ематија што значи песоклива земја и името Македонија што на бригискиот јазик исто така значело земја.

Корен на името Македонија

МАКЕДОНИЈА-
МАКЕ= ЗЕМЈА
ДОН= ВЛАДЕТЕЛ ; СИН(дете) или СОНЦЕ
Значи МАКЕДОНИЈА=ВЛАДЕТЕЛИ на ЗЕМЈАТА,
(ЗЕМЈЕНИ ВЛАДЕТЕЛИ)
СИНОВИ на ЗЕМЈАТА(ЗЕМЈЕНИ СИНОВИ)
ДЕЦА наЗЕМЈАТА( ЗЕМЈЕНИ ДЕЦА)
ЗЕМЈА на СОНЦЕТО(СОНЧЕВА ЗЕМЈА)

• Може ли да се бара поголема потврда од фактот што името „Македонија“ преку личноста на „Македон“, митологијата го констатира во трите основни топоси!

• Поставено поинаку: што митовите со кои и Европа и Африка и Азија го објаснуваат своето разрешување на изолацијата и единствената точка на автентичен допир и спојување, го врзуват токму името - Македон, со топосот - Македонија!

• Етимологијата на зборот изгледа дека доаѓа од Македон, кој живеел во областа Пијерија (област на север од планината ОЛИМП-во Македонија).

- Македонците подоцна се викале Елни или Ели, стар национален збор, кој произлегува од животното Елен, а можеби носеле капи со рогови од елен за да се разликуваат.

- Македонците се појавиле на хоризонтот на праисторијата 1500 година пред не.е додека пред тоа сочинувале пределинска ТРАКОМАКЕДОНСКА нација, а нивниот јазик и вера не биле грчки.

- Името Македонци произлегува од земјата Македонија. (верување на Македонците од Беломорска Македонија)

• Европската митологија Македон го смета за син на самиот Зевс и Тиа, кому, поради особените вредности на душата и големата телесна сила, таткото Зевс му го доверил најчувствителното и најважното подрачје на светот - оската во која се допираат трите Континенти.

Мошне е индикативно што братот на Македон е - Магнет.

• Македонците во најстариот Еп во Европа - Илијадата.
Речиси секое од племињата - имало на почетокот свое кралство.
Уште во најстариот Еп од Европа кај - Хомер - Илијадата ,кралевите на Македонските племиња - Пеоните и Пелагонците со своите соплеменици се борат кај - Троја во 2 илјадетие п.н.е.
Опишани се пределите кои и денес ја красат Македонија:
Вардар , Црна, градовите Амидон и др.
Тие се судираат со обединетите Грчки племиња.
Тоа е прва Македонско-Грчка војна.

• Хесиод (околу 700 г.п.н.е) (истата е сочувана кај Константин 7ми Порфирогенит (913- 959) каде се вели дека поимот ,,Македонија" доагја од митскиот јунак Македон кој според Хесиод бил син на Зевс и Тија. Херодот - ,, За време на кралот Деукалион живееле (Дорците) во земјата Фтиотида, а за време на Дор, синот на Хелен, во земјата под Оса и Олимп, наречена Хистиотида. Кога Кадмејците ги избркале, се населиле во областа Пинд под името Македонци.,,
Ова е првото историско споменување на Македонците во минатото.

• Претпоставката е дека Херодот зборува за период многу постар од неговото време, околу 12 век п.н.е. кога тој познава етничка заедница со име Македонци.

• "Македонија се наоѓа недалеку од Прасијадското езеро. Од езерото прво се доаѓа во рудникот од кој што Александар дневно добивал по еден талант сребро, а потоа кога после рудникот ќе се премине планината Дисор, се доаѓа во Македонија..

• Херодот добро ја познава Македонија, барем оној нејзин дел кој е во сферата на неговиот интерес, и сферата на неговото движење, исто како што ги познава и Пајонците, дел од големата групација на етнички заедници, во која влегуваат и Македонците. Македонија е присутна во неговото дело ,,Историја,, подеднакво јасно, како и описот на било која друга земја или етничка заедница.

• Еврипид (за генеалогијата ) во 412 г.п.н.е....

• вели дека Бахамтките кои биле свестеницки на македонски се викале Клодонес, Мимонес и Макетаи, а дека старата форма на Македонија е името Макета.

• Но оваа генеалогија усте во антиката била отфрлена како нетоцна и политицки мотивирана со цел да послузи во функција на македонската пропаганда на Архелај.Јустин..

,,Порано Македонија била нарекувана Ематија, според името на кралот Емат; првите докази за неговата доблест уште постојат во овие краишта. Како што нејзиниот подем бил постепен, така и границите и станувале тесни.
Народот се нарекувал Пелазги, а областа Пајонија.,,

• Азија го има својот херој на зближување, и, што е крајно необично, го именува со истото име - Македон. Овојпат, Македон е кралски син.

Неговиот татко е Ликаеон, справедлив и умен крал, миленик на боговите.
Владеел со Аркадија, најтивкото и најидилично кралство на сите времиња.
Со овие два детала се упатува на неоходните одлики на оној што ќе треба да го обедини светот: да биде умен и одмерен, а неговата душа се оформува во смиреност и благост на аркадиската хармонија.
И во овој мит, Македон го добил своето кралство во подрачјето на Македонија, именувана според него.

• Некои велат дека Македон е еден од педесетината синови на Аркадискиот крал Ликаон.

• Аполодор кој зивеел во средината на И в.п.н.е. и кој вели дека Македон е син на Ликаон кој имал 50 синови."

• Третиот, Африкански мит, потекнува од Египет.

Македон е повторно божји син - чедо на Озирис лично!

Неговиот небесен татко му ги доверил Тракија и Македонија за негово кралство, во коешто тој владеел и според законот и според добрината. ... Диодор Сицилиски

• Според египетскиот запис, Озирис на своите кампањи беше придружуван од своите два сина Анубис и Македон, кој се одликуваа по својата храброст. Двајцата од нив ја носеа најзначајната воена опрема, земена од одредени животни чиј карактер не се разликуваше од храброста на луѓето. Така Анубис носеше кожа од куче, а Македон предни делови од волк; и поради оваа причина овие животни се почитувани кај египќаните. Тој, исто така, го носеше и Пан на своите кампањи, кој посебно е ценет кај египќаните; затоа жителите на земјата не само што му подигнаа статуи во секој храм туку и именуваа град по него во Тебаид, кој е наречен од жителите (Chemmo) Хемо што кога ќе се преведе значи Градот на Пан.
Диодор од Сицилија (И в.п.н.е) во неговото дело ,,Историска библиотека“

• Стефан од Бизант (6 в.н.е) ,,Етника" (,,За народите").. потеклото на Македонија е од Македон и Тхија.

• Според митологијата Македон е епонимен херој на Македонија,син на Ѕеус и Деокалионовата ќерка Тија и брат на Магнет.Според имињата на неговите синови крстени се македонските градови Пиреј и Амитај.

• Сите понатамошни историски извори, најпрво тракиецот Тукидид, кој живее и работи во Атина на крајот на 5-от век п.н.е, денес според стилот и анализата, првиот вистински ,,современ,, историчар, ги познава Македонците и Македонија, како земја и народ толку вообичаени за одредена територија, која ќе се менува со текот на времето и со настаните кои ќе следат; пред се преку големите реформи и проширување на кралевите од славната аргеадска династија, над останатите пајонски етнички заедници.

• Сите оние што следат низ вековите на славната антика и нејзиниот развој, Диодот Сицилиски, Полибие, Плутарх, Аријан, Страбон, Јустин итн. ја познаваат таа митска земја Македонија, што во времето во кое живеа го диктираше текот на светската историја, директно или пак последователно, сеедно ја одредија нашата сегашност, на начин единствено можен, бидејќи историјата ја следиме, создаваме но не можеме да ја менуваме. Македонија ќе биде присутниот елемент сегогаш на овој пребогат простор на неисцрпни медитерански цивилизации, низ различни форми на постоење, низ различни политички и државни имиња, но секогаш задржувајќи ја својата суштина, својата сопствена приказна и својот бит, сопствената одредница-името.

Етимологија на името Македонија - Промакедонски толкувања ...

• Македонскиот народ се нарекува себеси „ Македонци “ по името на родоначалникот Македон кој ги обединил предмакедонските племиња и народи во еден народ.

• Македонците се етнички супстрат од негрчките и индоевропејски народи, чиј етнички состав го сочинувале некои средно-балкански народи и племиња, меѓу кои треба се вбројат: Бриги , Енети , Пајонци , Пелагонци и други. Дел од Бригите потиснати со дорските миграции по Тројанска војна се одселува во Мала Азијa . Лингвистите забележуваат дека во јазикот на овие Бриги, во Мала Азија познати и како како Фриги (област Фригија ), постои голема сродност со главнината на само стотината познати старомакедонски голоси (скромни останки од протогениот македонски јазик).

• Ова мислење го застапува и Проф. Нада Проева и дава аргументи за тврдењето дека Македонците немаат дорско потекло, како што тврди на неколку места во својата историја, грчкиот антички писател Херодот .

• Како што вели Џ.Р.Елис, така и грчкиот професор археолог Фотис Пецас тврди дека Македонците уште пред да дојдат на просторот на Македонија, го имале своето име Македонци и тие на оваа територија која дотогаш имала друго име и го дале своето народно име. Конкретно проф. Пецас пишува: „Македонија го зеде името од Македонците.

• До 700 год. пред Исус Христос Македонците биле ограничени западно од планината Каракамен (Вермион) или јужно од Халиакамби. Големото море меѓу планините и морето беше уште непознато за Македонците.

• Некаде околу 700 год. п.н.е ги запоседнаа источните падини на Вермион, како што учиме по Херодот. Ова големо поле меѓу Бистрица (Халиакум) уште не беше и не се викаше Македонија. Македонците се проширија до Вардар (Аксиос) малку подоцна како што учиме од Тукидид . Филип Македонски ја донесе Македонија до реката Места (Нестос) во 348 год п.н.е..“ Она што не интересира денес – продолжува Проф. Пецас е „дека Македонците и го дадоа своето име на Македонија и ја проширија од планината Пинд и Олимп до места на исток и до Црна Река (Еригон) на север. Така, Македонците го дадоа името на својата земја.
Името Македонци беше најпрвин народно, а потоа стана историографски поим „Македонија”.
 

Историја

News image

Водици или Богојавление

Именден празнуваат: Богдан, (значи даден од Бога) Богдана, Бојан, Богомил (значи мил на Бога) , Јо...

Иселеници

News image

„НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДОСТИГНУВАЊЕ ЗА 2022 ГОДИНА“ НА ОМД ОД ВАШИНГТОН ЗА СЛАВЕ КАТИН

На предлог на претседателот на организацијата „Обединета...

Култура и туризам

News image

ПОЕТСКИ МОЗАИК од поетесата Гордана Димовска како мост за спојување на далечините просторни и бележење на времињата

Поетесата Гордана Димовска својата видлива линија на заинтересирано премостување на далечните прос...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ПОБЕДИТЕ НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) ВО ИНДИЈА (18)

Стрелците, кои јавале на коњи, први нападнале и речиси веднаш ги онеспособиле бојн...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.