Среда, 25 Ноември 2015    PDF Печати Е-пошта
Дали постои далечна роднинска врска помеѓу британската кралица Елизабета Втора и династијата на Александар Велики Македонски?

Неодамна во издание на американската интернет издавачка компанија „Амазон“ во електронска и во хартиена верзија на англиски јазик објавена е книгата под наслов „Можната генеолошка поврзаност помеѓу британската кралица Елизабета Втора и династијата на Александар Велики од Македонија“ од штипскиот историчар и генеолог Александар Донски. Ове беше повод за разговор со авторот.

Прaшање: Дали постои роднинска врска помеѓу денешната британска кралица Елизабета Втора и династијата на Александар Велики од Македонија?

Одговор:  Според сите сознанија и аргументи постои нивна меѓусебна далечна роднинска врска.

Прашање: Но, Александар Велики Македонски не оставил свое потомство.

Одговор: Да, тоа е познато. Но, може да се следи потомството на неговиот татко Филип Втори, па затоа овде се спомнати потомците на династијата на која припаѓал Александар, а не неговите директни потомци, кои и навистина починале млади.

Прашање: Дали тоа значи дека тврдите оти британската кралица е Македонка?

Одговор: Апсолутно не! Такво нешто не треба ни да се помисли. Таа е Англичан­ка со значително германско и друго наследство. Јас само тврдам дека една од неј­зи­ните многубројни родословни линии води и до античко-македонската династија.

Прашање: Тогаш како е можно од една страна да тврдите дека има македонско потекло, а од друга да тврдите дека не е Македонка?

Одговор: Одговорот на ова е многу едноставен. Секој сам нека по­мисли од колку личности носи во себе крв и гени? Одго­ворот е: од повеќе илјади луѓе. На при­мер, прво овде се Вашите двајца родители (мајка и тат­ко). Потоа овде се нивните ро­дители (вкупно четворица), кои ја внеле својата крв во крвта на Вашите родители (а пре­ку нив и во Вас). Потоа на секој од тие четворица Ваши баби и дедовци, до­дадете уште по двајца нивни родители, што значи уште осум луѓе кои индиректно ја внеле својата крв и гени во Вас. Па на секој од тие осумина Ваши прабаби и прадедовци додадете уште по двајца нивни родители и се така во минатото. На ваков начин ќе пресметате дека доколку се „вратите” само до седмото ко­лено (генерација) на Вашите претци, ќе согледате дека Вие ја носите крвта на вкупно 126 луѓе. А, пресметајте на колку луѓе ја носите крвта и гените ако се „спуштите” до претците од Вашето  50-то или 100-то колено. Се работи за повеќе илјади. Сигурно дека некои од нив припаѓале на други народи, но тоа не значи дека и Вие припаѓате на некој од тие народи, иако фактички имате далечна роднинска врска и со тие народи. Или да појдеме во обратна насока. Да претпоставиме дека имате две деца и дека секое од нив ќе добие уште по две деца, а и тие уште по две... и се така во да­лечната иднина. Повеќе од сигурно е дека со разгра­нувањето на Вашето семејство, некои од Вашите илјадници потомци ќе се преселат во странство, каде ќе се омажат или оженат за странци, така што по неколку векови, Вие ќе добиете да­леч­ни пра-пра-правнуци, кои нема да го зборуваат Вашиот јазик (впрочем ова се случува и денес, дури и со третите и четврти генерации на иселеници од некоја земја). На таквите Ваши далечни потомци целосно ќе им биде туѓа Вашата сегашна култура. Тие ќе продолжат да се мажат и женат за при­пад­ници на народот на државата во која жи­ве­ат и со нив ќе создаваат натамошно потомство. Но, сепак секој нивни по­то­мок, преку една нитка (директна родос­ловна линија), ќе води потекло од Вас (како  еден од него­вите многубројни претци).

Прашање: Ова значи дека доколку постои роднинска врска на британската кралица со античко-македонската династија таа е симболична и повеќе се заснова врз вистината дека „сите луѓе се роднини“ отколку на нејзиното „македонско потекло“.

Одговор: Така е. За да објасниме како е можно сите луѓе да се роднини,  да земеме како пример, некој денешен град со околу 50.000 жи­те­ли. Доколку секој од тие жители, во своето седмо колено има по 126 претци, испаѓа дека денешните 50.000 жители од тој град, во своето седмо колено, имале 6.300.000 свои претци. Доколку, пак, се вратиме уште за неколку десетици колена (генерации) наназад, се добиваат астро­номски бројки од неколку милијарди луѓе како „претци” на овие  50.000 жители. Но, од друга страна се знае дека порано населението на Земјата било по­ма­лубројно. Така, на пример, се смета дека околу 1000 година по Христа во Европа живееле само околу 40 милиони жители. Па, како да се објасни оваа разлика? Одговорот е во заедничките претци. Сите жители од тој град во далечното минато би имале заеднички претци. Ова значи дека длабоко во историјата (доколку постојат точ­ни родословни табели за сите луѓе во Европа), без сомнение ќе се утврди дека најголемиот дел од денешните европјани се роднини меѓу себе. Статистичарот и математичар Џозеф Чанг од Уни­верзитетот во Јеил (САД) пресметал дека најголемиот број денешни жители на Европа (со исклучок на доселениците од Африка и Азија), би имале свои заеднички претци некаде околу 1200 година по Христа. Тој пресметал дека секој европјанин, кој живеел околу 1000 година по Христа и кој оставил свое потомство до денес, практично е еден од претците на сите денешни жители на Европа. Марк Хамфри, кој е стручњак за родослови од Уни­верзитетот во Даблин (Ирска), изнесува уште неколку интересни податоци. Тој пресметал дека доколку се утврди дека некоја личност, која живеела околу 500 година по Христа дока­жано има свои директни потомци денес, тогаш таа личност практично е еден од претците на повеќето луѓе кои денес живеат во светот, иако се разбира дека од тој предок, кај де­нешните луѓе е останато незначително генетско нас­ледст­во. Исто е и во обратна насока. Секој денешен жител на светот што ќе остави свое непрекинато потомство, еден далечен ден во иднината (по неколку илјади години), ќе стане предок на сите луѓе во светот. Имајќи го сето ова предвид, не треба ни да се помисли дека британската кралица има „античко-македонско потекло”. Едноставно, постои само родословна линија за која постојат податоци дека води од античко-македонската династија, до нејзиното семејство, но такви директни родословни линии од оваа династија има милиони кои водат до поголем број денешни луѓе од светот. Проблемот е во тоа што овие родословни линии не можат да се докажат, додека за директ­ната родословна линија која води до семејството на британската кралица постојат докази или силни индиции. Впрочем, овде не нудиме никакви „сензационални откри­тија” на некои „ново откриени документи” и сл., туку еднос­тавно до резул­татите изнесени во оваа книга се доаѓа само и само преку трпелива и внимателна анализа на бројните досега зачувани родословни табели, чии податоци, ќе пов­торам, секој може да ги провери од познатата и секому достапна историска лите­ратура или на интернет.

Прашање: Како конкретно изгледа директната родословна линија од антич-ко-македонската династија до денешното британско кралско семејство?

Одговор: Еве само накратко. Познато е дека зачетник на античко-македонската владеачка династија бил Темен, кој живеел некаде помеѓу X и IX век пред Христа. За неговата роднинска врска со династијата на Александар Велики Македонски пишувал Еврипид. Според овие податоци (кои се на границата помеѓу историската вистина и митот) син на Темен бил Кис, а потоа (според врската: родител-дете) следуваат: Марон – Тестор – Ако – Аристодамид и Каран. Познато е дека син на Каран бил Коен, а негов син Тирим. Потоа следуваат: Пердика – Аргеј - Филип Први – Аероп – Алкета - Аминта Први - Александар Први - Аминта Втори – Архидеј, па Аминта Трети, чиј син бил Филип Втори (таткото на Александар Велики Македонски, за кој рековме дека не оставил свое потомство). Но син на Филип Втори (од вонбрачна врска) бил и познатиот александров генерал Птолемеј Први, кој подоцна станал крал на Египет и за ова пишуваат античките автори Павсанија, Квинтиј Куртиј Руф и Теокрит. Но, дури и да не  е така, мајката на Птолемеј Први по име Арсиноја била ќерка на Мелеагар, кој и самиот бил директен потомок на Александар Први. Потоа го следиме потомството на Птолемеј Први кое изгледа вака: Птолемеј Втори – Птолемеј Трети – Птолемеј Четврти – Птолемеј Петти – Птолемеј Осми – Трифена -  Лаодика. За Лаодика се знае дека се омажила за Митридат Први од азиското кралство Комагене и со тоа веќе нејзините натамошни потомци не биле Македонци, иако во себе носеле сосема мал дел од античко-македонската династија. Нејзин син бил  Антиох Први Теос, една многу интересна и загонетна личност. Тој самиот тврдел дека е во роднинска врска со Александар Велики Македонски, а се обидел да востанови нова монотеистичка религија. Живеел во првиот век пред Христа. Неговата ќерка се омажила за медискиот крал Артавасдес Први. Нивниот син се оженил со принцеза од ерменската династија на Арсакидите, а од тој брак се родил Артабанус Втори. Потоа, врз основа на делата на древните ерменски историчари, се следи натамошното потомство на оваа и на другите ерменски династии, чии припадници си биле Ерменци, но со мала доза античко-македонска крв во себе. Следуваат: Вононес Втори – Митридат – Вологасес Четврти - Вологасес Петти – Вагарсак – Косров Први – Трдат Трети (тоа е ерменскиот крал кој во 301 година го прогласил христијанството за официјална религија во Ерменија со што оваа држава станала првата христијанска држава во светот) – Косров Втори – Бамбиш – Свети Нерсес Први Велики – Свети Исак Велики – Саханакуш – Вардан Мамиконијан (кој денес се смета за национален херој на Ерменците). Потоа следуваат средновековните потомци на познатото ерменско семејство Мамиконијан:  Хмајак – Емануел – Мучел Втори – Кахан – Вахан – Тиран -  Самуел Мамиконијан, чија ќерка се омажила за ерменскиот гроф Смбат Седми Багратуни, кој живеел во 8 век. Потоа го следиме потомството на династијата Багратуни, за кое исто така постојат зачувани податоци: Ашот – Баграт – Торник – Григор Први – Ашот Трети – Григор (кој бил убиен во 995 год. борбите со македонскиот цар Самуил), но неговиот син Ашот Таронит во 998 год. се оженил со Мирослава (ќерката на цар Самуил). Со овој гест, благодарение на ерменската династија, практично дошло до симболичен спој помеѓу античко-македонската и самуиловата царска династија. Нивното натамошно потомство е исто така добро познато: Грегор Таронит – Михаил – Јован – Михаил – Марија Таронитиса (која во 1146 се омажила за војводата Јован Комнен Дука) -  Марија Комнена (која се омажила за ерусалимскиот крал Алмарик д Анжуј) -  Изабела од Ерусалим (која била кралица на Ерусалим) – Филипа де Шампањ – Жана де Бриен – Метју Четврти – Жан Први – Чарлс Први – Жак – Жан Втори – Гилаум – Лујза – Гаспар де Колињи – Лујза де Колињи – Фредерик Хенрдик – Хенриета Катерина – Хенриета Амалија – Јохан Вилем Фрисо – Вилем Четврти Карел Хендрик Фрисо (кој во 1734 се оженил со британската принцеза Ана) – Вилхелмина Каролина – Хенриета – Александар Паул Лудвиг Константин – Францис Пол Карл Лудвиг Александар – Викторија Мери Августа Лујза Олга Паулина Клаудина Агнес (која во 1893 се омажила за британскиот крал Џорџ Петти). Нивниот син британскиот крал Џорџ Шести е таткото на денешната британска кралица Елизабета Втора. Значи станува збор за симболична далечна роднинска верска, која сепак може да се докаже. Впрочем, сите овде изнесени податоци, секој сам може да ги провери.

Прашање: Што очекувате од оваа книга?

Одговор: Книгите како оваа се вистинскиот начин за претставување на нашата историска вистина пред светот. Во книгата објавив и краток преглед на историјата на Македонија, за разликите помеѓу античките Македонци и Грци, за нашите врски со античките Македонци и низа други вредни податоци, кои читателите ќе ги прочитаат заедно со податоците за родословната линија на британската кралица. Значи, преку тема што е интересна за Британците, ние им нудиме податоци за нашата историја. Досегашните обиди за претставување на македонската историја пред светот преку книги на англиски и на други странски јазици главно беа целосни промашувања. На пример, објавувате книга на германски јазик за Илинденското востание или за НОБ и сметате дека со тоа сте ја претставиле македонската историја пред германската јавност. Но, дали некој Германец ќе ја прочита таа книга? Секако дека не. Нив не ги интересира нашата историја исто како што и нас не не интересира историјата на Лаос, Белгија или Боливија. Но, ако на Германците им објавиме книга со бомбастичен наслов посветена на животот на германската средновековна колонија Саси во Македонија и ако во таа книга им „подметнеме“ податоци и за нашата македонска историја, тогаш мнозина љубопитни Германци, сакајќи да прочитаат за своите далечни сонародници Германци, кои живееле во Средниот век илјадници километри подалеку од Германија, сакале или не, ќе прочитаат нешто и за нашата историја. Јас имам подготвено цела стратегија на ова поле за вакво промовирање на македонската историска вистина пред светот преку кратки книги кои зборуваат за историските врски помеѓу Македонија и Македонците со разни народи и култури, но со теми интересни за тамошната јавност (како што е оваа книга со тема интересна за Британците). Овие книги би се превеле на домицилните јазици (или барем на англиски) и би се дистрибуирале среде научната и пошироката јавност во тие земји. Во секоја од овие книги (преку тема интересна за тамошната јавност) би се претставила и нашата историска вистина. Еве неодамна во посета на РМ беа претставници од Обединети Арапски Емирати. Ќе беше убаво ако им се подареше книга на арапски (или барем на англиски) јазик за уделот на Македонците во создавањето на исламот и исламската култура, за што навистина има многу што да се напише (почнувајќи од третманот на Александар Велики Македонски во Куранот како еден од главните пророци на Алах, преку бројните средновековни исламски дела посветени за Александар, па се до Македонците муслимани и нивната култура). Емоциите можеби не се пресудни, но секако дека можат да бидат значаен сегмент во меѓународната комуникација. Но, за сето ова се потребни барем минимални средства.

aleksandar-donsski-kniga

 

На прво место

News image

Пендаровски во суштина е кукавица

Мицкоски: Додека Стево се прави Мајка Тереза му стигна одговор од американската Фридом хаус која г...

Историја

News image

Трлиски инцидент

По Првата светска војна, соочени со фактот дека големите сили ја санкционираа поделбата на Македониј...

Иселеници

News image

Волф Ошлис: МАКЕДОНИЈА

ЕНЦИКЛОПЕДИСКИ ПРИЛОГ ЗА МАКЕДОНИЈА

Култура и туризам

News image

Археологија на македонскиот дух

Марија Емилија Кукубајска

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ I) (27)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.