|
||||
ОПСЕРВАЦИЈА: МУЛТИКУЛТУРАЛИЗМОТ И “ПРАВОСЛАВНОТО БРАТСТВО“ |
Тодор Петров
За Макаедонија важи правилото: Македонија нема вечни пријатели! Македонија нема вечни непријатели! Македонија има вечни интереси! Македонија треба да гради политики на активен мултилатериализам: од пријатели никогаш доста!
Македонија треба да аплицира во Движењето на неврзаните, Арапската Лига, Исламската Конференција, Комонвелтот, макар како набљудувач. Македонија треба да го унапредува стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, но на искрени основи, ама и со Турција, Руската Федерација, Кина, Израел,... Македонија треба да склучи договор за слободна трговија со Индија, Кина, Јапонија, Австралија, Канада, Мексико, Бразил, Јужно-Африканската Унија... Македонија треба да ги следи движењата во БРИКС... Македонија треба да поднесе барање како земја основач за придружување во Азиската банка за инфраструктурни инвестиции, основана во 2014 година на иницијатива на Кина. Во октомври минатата година договорот за основање на Азиската банка, со седиште во Пекинг, го потпишаа 21 држава. Барања за влегување во банката со основачко право досега поднеле 52 држави, вклучувајќи ја и Русија, а во овој момент бројот на држави-основачи изнесува 46. Годинава земји-основачки станаа и Холандија, Бразил, Финска, Грузија и Данска. Несомнено дека во светот се водат војни за контрола на изворите за енергија. Дваесет и првиот век ќе биде век на војни за контрола на изворите на вода за пиење. И ние за тоа мораме да бидеме свесни и подготвени! Во 2001 година кризните региони беа во северозападниот дел на Македонија, каде што се изворите на вода за пиење во Македонија, почнувајќи од Липковското езеро, Матка, Рашче, Треска, Шарските води, Браната Лисиче, Вруток, изворот на Вардар, Дебарското езеро, Мавровското езеро, Радика, Црн Дрим, прагот на Охридското езеро... За време на војната 2001 година беа затворени славините на Липковското езеро, беа затворени славините на многу каптажи за вода за пиење на Македонците во Тетовскиот регион... Колку за опомена... а, тоа не се заборава... Не станува збор за никакви теории на заговори, теории на конспирации, тоа се реални интереси, не се избираат средства за нивно остварување. На крајот на краиштата, Македонија веќе беше жртва на една таква смулирана војна: Војната во 2001 година не беше војна меѓу Македонците и Албанците, ниту меѓу православните и муслиманите, туку симулирана војна на Соединетите Американски Држави за имплементација на свои глобални интереси за сфери на влијание на овие простори. И Македонците и Албанците во таа војна беа колатерална штета. Жалосно ќе биде ако заради други и туѓи, војната од 2001 година се репризира... Кога ќе ги ставите сите овие интереси на маса, паѓаат во вода сите лажни дилеми: Дали сте за Исток или за Запад?! Дали сте за Соединетите Американски Држави или за Руската Федерација?! Македонците се и за Исток и за Запад и за евро-атлантските и за евро-азиските интеграции. Македонската Империја ги спојувала и Истокот и Западот. Темелите на многу западни и источни вредности се во Македонија. И да постои симпатии кај македонскиот народ кон рускиот народ, тоа не е заради наци-фашизмот на НАТО и ЕУ кон Македонија и Македонците. Корените на описменувањето и покрстувањето на источните народи е во Македонија, во древниот Охрид, затоа и врските на Македонците и Македонија со Русите и со Руската Федерација! Та нели постојано не селат и ни ги бараат корените зад Урал, односно зад Карпатите?! И најважното: Русија православието го примила токму во Охрид! Во 955 година во патријаршиската црква “Света Софија“ во Охрид, Охридскиот Архиепископ Тимотеј ја покрстил и крунисал Великата Руска Кнегиња Олга, од која што започнува христијанизацијата преку Киев на Русија. Во истата таа охридска црква “Света Софија“, во 987 година Охридскиот Патријарх Николај го покрстил нејзиниот внук, Великиот Руски Кнез Владимир, кој го проширил православието низ цела Русија и кој за да ги зајакне врските со Самоиловото Царство по четврти пат се оженил со Самоиловата внука Охриѓанката Марија, од чиј брак ги имале децата Давид и Роман, со монашките имиња Борис и Глеб, денес патрони на Руската Армија. Ефимеи (исповедници) на руските цареви со векови биле македонските епископи. Македонската Црква нема причина да не гаи симпатии кон Руската Црква, исто како и Македонците православни кон братскиот руски народ, затоа што Руската Црква е најголема и најмоќна во православниот свет, Руската Федерација е меѓу најмоќните и најбогатите во светот. Од таа вистина нема страв и срам. Патем, покрстувањето и описменувањето во Македонија не дојде од Америка и Европа, ама покрстувањето и описменувањето на Русите го извршија Македонците, како што првата христијанка во Европа е Македонката Лидија покрстена во македонскиот град Филипи, та оттаму со Светиот Апостол Павле и христијанизацијата на целата Римска Империја! Затоа, ако САД ја туркаат идејата за “Голема Албанија“, нека истовремено не се плашат од нивните приказни, дека Македонија, Грција, Бугарија и Србија ќе се обединат против нивната проекција, бидејќи таа наци-фашистичка креација е атомска бомба за Балканот. Затоа, нека никој не се плаши, нека никој не ја плаши Европа од “православни братства“... Ако падне Сирија, “Голема Албанија“ ќе биде само инструмент на ИСИС да стигне до Виена. А Македонците, како и сите други, ќе мора да се бранат и верувајте дека Македонија ќе ја одбранат!... Ама жртва на ИСИС ќе биде и Албанија, по наредба на калифот под нож ќе паднат главите и на католиците и на православните... Македонците имаат милениумска традиција на мултикултурализмот, и затоа, макар и еднострано, декларацијата: Културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации, во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната гео-политика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации. Македонија вечна! Амин! |